(ВИДЕО) Русија и Украина разменија стотици воени заробеници

January 3, 2024
1 min read

Некои од ослободените Украинци се во притвор од 2022 година. Меѓу нив има и некои од оние кои се бореле во битките за украинскиот Змиски остров и градот Мариупол

Русија и Украина размениле стотици воени заробеници според договорот постигнат со помош на Обединетите Арапски Емирати, пренесува АП.

Украинските власти објавија дека 230 украински воени заробеници се вратиле дома во првата размена по речиси пет месеци. Руското Министерство за одбрана соопшти дека со посредство на Обединетите Арапски Емирати се ослободени 248 руски војници.

Некои од ослободените Украинци се во притвор од 2022 година. Меѓу нив има и некои од оние кои се бореле во битките за украинскиот Змиски остров и градот Мариупол.

Сè уште нема потврда за овој настан од ОАЕ, кои одржуваат блиски деловни врски со Москва од почетокот на руската војна против Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски има законска обврска да се консултира со Ковачевски и Ахмети за техничката влада

Следно

Платите на функционерите го допираат врвот – СДСМ се фали дека од март минималната плата ќе биде 22.500

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop