(ВИДЕО) Пукање во училиште во Лукавац: Поранешен ученик застрелал наставник

June 14, 2023
1 min read

Станува збор за поранешен ученик кој бил префрлен поради лошо однесување, јавува Дневни аваз

Едно лице е застрелано утрово во основно училиште во Лукавац кај Тузла, а како што пренесуваат босанските медиуми, нема повредени деца.

Ученикот утрово дошол во училиштето со пиштол и барал вработени во училиштето. Тој застрелал еден наставник и тој е во тешка состојба.

Станува збор за поранешен ученик кој бил префрлен поради лошо однесување, јавува Дневни аваз.

На Фејсбук се огласи градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ.

„Во престрелката што се случи во училиштето нема повредени деца. Ги молам сите родители да не паничат. Сторителот е малолетник кој веднаш е лишен од слобода“,

напиша Делиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел изведе воздушни напади врз главниот град на Сирија

Следно

„СДС и ДУИ да не прават лицитација со функции, да се изјаснат за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ“

Latest from Blog

Јаневска: Исполнети се сите досегашни цели од Реформската агенда во образованието

Сите досегашни цели од Реформската агенда во делот на образованието и науката се исполнети, за што во државниот буџет ќе бидат вратени 19,2 милиони евра, истакна министерката за образование и наука Весна

Божиновска: По форумот во Скопје, заеднички фокус со УНЕЦЕ на женското лидерство во енергетиката

Проширувањето на Мрежата на жени во енергетската дипломатија и продолжувањето на иницијативите од првиот Форум за енергетска дипломатија во Скопје беа теми на работната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални
Go toTop