ВИДЕО: Проданоски најави модерни сообраќајни решенија за Прилеп

September 30, 2025
1 min read

Ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на Прилеп, обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ се огромни капитални проекти, изјави Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашата програма не е само лист хартија и празно ветување. Тоа се реални проекти за подобар живот на прилепчани. Еден од најголемите приоритети претставува изградбата на обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ современи сообраќајни решенија кои ќе ја променат иднината на Прилеп. Обиколницата ,,Исток“ во должина од 1,6 километри, и профил оф 5,5 метри ќе биде директна артерија што ќе ги насочи тешките товарни возила, надвор од срцето на градот. Таа ќе се протега од стариот пат кон вештачкото езеро, преку склештен мост се до клучката за новиот автопат. Со тоа ќе се растовари центарот, ќе се намали метежот и загадувањето, а прилепчани ќе добијат почист воздух и мирен сообраќај низ централното градско подрачје. Обиколницата ,,Запад“ е огромен капитален проект, долга 4,5 километри со модерен профил од 26 метри кој ќе опфати коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки. Новата траса ќе ја поврзе делницата од Мебел Венеција преку Варош па се до фабриката за Мермер на улица ,,Леце Котески“ и натаму до ,,Црн Бор“. На оваа траса ќе изградиме два надвозници и еден мост овозможувајќи безбеден брз и европски сообраќај за нашиот град. Со реализација на овие два проекти, ќе се реши еден од најголемите проблеми на Прилеп, сообраќајниот хаос во центарот. Но уште поважно, ќе се создатат нови можности за економски развој, бизнисот ќе добие полесен пристап до автопатот што значи нови инвестиции и отворање на нови работни места“, рече Проданоски.

Растоварувањето на срцето на градот, додаде тој, е вистински избор за современ европски и успешен Прилеп.

Видеото може да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вкус кој ќе му се допадне на целото семејство, направете си домашен кечап

Следно

Поранешен член на Европскиот парламент осуден за шпионажа за Кина

Latest from Blog

Видео-фото: Пожарникар од Босна влезе во ладната Дрина и го „запали удавениот Голф“

Пожарникарот Раде Шакотиќ стана хит во регионот откако на социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како влегува во заледената река Дрина, влегува во потопен Голф, го пали автомобилот

Божиќна честитка од ВЛЕН: Нека празникот донесе здравје и благосостојба

Политичката коалиција ВЛЕН упати честитка до верниците по повод големиот христијански празник Божиќ, со порака за мир, заедништво и меѓусебна почит. Во честитката се наведува дека Божиќ е светол и благословен празник
Go toTop