Божиновска: Западен Балкан се движи кон паметна и флексибилна енергетика

March 9, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Солун учествуваше на министерскиот панел на настанот „Electricity, Digital and Regional Interconnectivity in South East Europe“, каде истакна дека иднината на енергетиката во регионот зависи од посилни интерконекции, модерни мрежи и дигитална трансформација на електроенергетските системи.

Божиновска посочи дека регионалната поврзаност е клучна за енергетската безбедност, стабилноста на системот и побрза интеграција на обновливите извори. Таа истакна неколку клучни проекти во кои се инвестира: интерконекцијата Битола – Елбасан со Албанија, зајакнување на исток–запад коридорот во Западен Балкан, унапредување на постојната интерконекција Битола – Мелити со Грција и подготовка на новата интерконекција Струмица – Сандански со Бугарија.

Министерката нагласи дека паралелно се инвестира и во дигитализација на мрежата, воведување на нов SCADA систем и модернизација на трансформаторските станици, зашто модерната енергетика бара паметни, флексибилни и поврзани системи.

 

„Западен Балкан има реална можност да ја забрза зелената и дигиталната транзиција на електроенергетскиот сектор, но тоа ќе го постигнеме само ако работиме заедно – со посилни интерконекции, координирано планирање и регионална соработка“, истакна Божиновска.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола со континуирана грижа за жртвите на семејно насилство

Следно

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани – МБИ10 со пад од 0,95%

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop