ВИДЕО: Премиерот Мицкоски на Голема Богородица го посети манастирот во Берово

August 28, 2025
1 min read

Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ кај Берово со Света божествена литургија и народен собир денеска беше одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица.

Илјадници верници од целата држава дојдоа да запалат свеќа, да се помолат за своето и здравјето на своите најблиски, како и да се поклонат пред манастирската светост. Манастирот го посети и премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

-Денеска сме во посета на Берово, традиционално како и секоја година така и оваа година заедно со православните верници да го честитаме големиот празник Голема Богородица, да посакаме на сите граѓани во Македонија здравје, среќа, бериќет и успех во работата, сето она коешто ќе го посакаат, сето тоа да им се оствари, рече Мицкоски.

Facebook/Hristijan Mickoski

Премиерот истакна дека овој ден е многу значаен за сите нас поради две работи, прво, затоа што е голем православен празник, но исто така и ден на рударите, луѓето што ја градат македонската економија.

-Ја користам оваа прилика и нив да им го честитаам овај голем ден. Сосема на крај ви посакувам среќа вас и на вашите семејства, истакна од манастирот Успение на Пресвета Богородица премиерот Мицкоски.

Мицкоски, кој беше придружуван од Муцунски, Мицевски и други функционери и членови на партијата, во манастирот разговараше со верниците и граѓаните кои беа дојдени да запалат свеќа и да се помолат.

Голем интерес на собирот привлече и продажбата на манастирски производи – локум, слатко и ликер, кои монасите и жителите од регионот ги подготвуваат веќе со децении.

-Не знам точно од кога, со секако е по несреќата почнавме да произведуваме овде манастирски локум кој отецот го прошири во Скопје и денес тој е познат насекаде низ Македонија. Тоа е дел од духовноста што сакаме да ја споделиме со секој кој ќе дојде, изјави жена која продаваше од овие производи.

Во близина на манастирот беа подготвени и 73 бакарни котли со храна, доволни да нахранат околу 10.000 посетители.

-Се готвеше цела ноќ за сите гости, секоја година е исто – важно е никој да не замине гладен, рече еден од готвачите.

Манастирот е познат и по трагичниот настан во 1996 година, кога гром удри во неговата околина и животот го загубија неколку лица. Постарите жители велат дека сеќавањето на таа несреќа сѐ уште е болно, но потсетуваат дека, како што рече една жител на Берово, „треба да се гледа напред и да се зачува – верата, јазикот и традицијата“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Загина девојче (9), сестричката се бори за живот по тешка сообраќајка во Грција- биле на одмор, мајката се забила во дрво

Следно

Аморим ја има поддршката на раководството на Манчестер Ј.

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 1 ноември: Ракови внимавајте на вашето емоционално здравје

Овен Денеска вашата иновација доаѓа до израз. Размислете за нови идеи и стратегии кои можат да го подобрат вашиот бизнис. Фокусирајте се на романтичните моменти со саканата личност. Покажете ги вашите чувства

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови. Во вториот круг од локалните избори 2025

Почина тригодишно девојче, кое беше извадено од хотелски базен на островот Родос, 12 дена се борела за живот

Девојчето починало во недела, 26 октомври, по 12-дневна борба за живот. Девојчето првично било хоспитализирано во Родос, потоа префрлено со хеликоптер во болница на Крит, а потоа во Велика Британија, каде што
Go toTop