(ВИДЕО) Повеќе од 100 жртви во голема експлозија во Иран, властите ветија „брза и силна“ реакција

January 3, 2024
3 mins read

Иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на сигурни извори, објави дека „експлодирале две вреќи со бомби“ во близина на гробницата на воениот командант Касем Сулејмани. Бомбите очигледно биле активирани со далечински управувач, додава агенцијата. Сулејмани, командант на елитните ирански сили Кудс, беше водач на иранските воени операции на Блискиот исток и беше убиен од САД во јануари 2020 година во Ирак

Во две експлозии предизвикани од „терористички напади“ во Иран загинаа повеќе од 100 луѓе, а десетици беа ранети, на одбележувањето на годишнината од смртта на воениот командант Касем Сулејмани, убиен во напад на американско беспилотно летало во 2020 година, објавија иранските власти.

Луѓето се обидуваат да им помогнат на жртвите по експлозиите на комеморативната церемонија покрај гробот на шефот на иранската Револуционерна гарда за надворешни операции, иранскиот генерал Касем Сулејмани во џамијата Сахеб ал-Заман во јужниот град Керман, Иран, 03 јануари 2024 година, Фото: EPA-EFE/MEHR NEWS AGENCY

Иранската државна телевизија ја објави првата, а потоа и втората експлозија за време на комеморативната церемонија на гробиштата каде што беше погребан Сулејмани во Керман, град во југоисточниот дел на земјата.

„Експлозиите беа предизвикани од терористички напади“,

цитираа државните медиуми локален функционер во провинцијата Керман.

Бабак Јектапараст, портпарол на иранската служба за итни случаи, подоцна објави дека 103 лица загинале, а 140 се повредени.

„Огромна експлозија се случи во близина на џамијата Сахеб ал Заман, каде што се наоѓа гробот на Сулејмани во Керман“,

објави државната телевизија, додавајќи дека втората експлозија се случила неколку минути подоцна, пренесува агенцијата Франс прес.

Иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на сигурни извори, објави дека „експлодирале две вреќи со бомби“ во близина на гробницата. Бомбите очигледно биле активирани со далечински управувач, додава агенцијата.

Новинската агенција ИСНА го цитираше градоначалникот на Керман, Саид Табризи, кој рече дека бомбите експлодирале со разлика од 10 минути.

„Одевме кон гробиштата кога еден автомобил одеднаш застана зад нас и експлодираше корпа за отпадоци во која имаше бомба“,

изјави очевидец, цитиран од ИСНА.

Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди, рече дека безбедносните власти ќе одговорат „брзо и силно“ на двојните бомбашки напади.

Вахиди рече дека повеќето од жртвите во југоисточниот град Керман биле убиени во вториот бомбашки напад.

„Нашите полициски сили се во состојба на готовност и ќе ги изведат пред лицето на правдата оние кои го извршија ова кривично дело“,

изјави министерот за државната телевизија.

САД го убија Сулејмани во Ирак во 2020 година

Сулејмани, командант на елитните ирански сили Кудс, беше водач на иранските воени операции на Блискиот исток и беше убиен од САД во јануари 2020 година во Ирак.

Тој беше задолжен за тајните мисии на силите Кудс и обезбедуваше насоки, финансирање, оружје, разузнавачка и логистичка поддршка на сојузничките влади и вооружените групи, вклучувајќи ги Хамас и Хезболах. Тогаш американскиот претседател Доналд Трамп, кој го нареди убиството во 2020 година, го опиша Сулејмани како „терорист број еден во светот“.

Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи го нарече Сулејмани „жив маченик“ додека тој сè уште беше жив.

Експлозиите се случија во тензичен момент во регионот

Експлозиите се случија во услови на зголемени тензии во регионот додека Израел води војна против Хамас во Газа.

Вчера, висок лидер на Хамас беше убиен во предградие на Бејрут во експлозија за која американски официјален претставник изјави за Си-ен-ен дека ја извршил Израел. Израел ниту ја потврди ниту негираше вмешаноста, но Хамас и милитантната група Хезболах, која го контролира предградието, го обвинија Израел и ветија одмазда.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, денеска треба да одржи говор, трет по избивањето на војната. Говорот беше најавен пред нападите во Бејрут. Израел го обвинува Техеран за финансирање и вооружување на Хамас. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, минатиот месец изјави дека неговата земја е во „војна на повеќе фронтови“.

Соединетите Американски Држави, исто така, неодамна го зголемија своето воено учество на Блискиот Исток. Минатиот месец војската изврши воздушни напади против Катаиб Хезболах, поддржан од Иран и „поврзани групи“ во Ирак.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ковачевски: Нема потреба од тајни средби, со Мицкоски може да седнеме и на улица „Македонија“

Следно

Сагата „Чебрен“ – 14 неуспешни тендери за 20 години

Latest from Blog

Слот потврди: Исак утре ќе дебитира за Ливерпул

фото: LiverpoolFC (X) Новото име во нападот на Ливерпул, Александар Исак веројатно ќе го има своето деби за „црвените“ утревечер кога тимот ќе игра против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Менаџерот

Брод со судански бегалци се запали покрај либискиот брег, најмалку 50 мртви

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денес соопшти дека најмалку 50 лица загинале откако брод со 75 судански бегалци се запалил во близина на либискиот брег во неделата. ИОМ соопшти дека им обезбедува

„И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со Дрисла, ѓубрето во Скопје е резултат на неспособноста на Арсовска и нејзините другари од ДУИ“

На сите им е јасно кој раководи со јавните претпријатија во град Скопје. Дури и врапчињата знаат дека конкретно со Дрисла раководи ДУИ. Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е

Меџити: Нов кампус за Универзитетот „Мајка Тереза“ со инвестиција од 40 милиони евра

Во текот на денешната владина седница, беше донесена историски важна одлука за високото образование – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје добива во трајно користење парцела од 31.434 м² на која ќе се

Болната семејна судбина на Роберт Редфорд: Зад неговата насмевка, се криеја две големи трагедии

Познатиот актер Роберт Редфорд никогаш не живеел типичен живот на позната ѕвезда. Одамна се пензионираше од јавноста и поминуваше време со својата сопруга Сибил. Иако рече дека таа му го променила животот,
Go toTop