(ВИДЕО) Поплави во Италија: Стотици евакуирани, затворени патишта, заглавени автомобили

May 16, 2023
1 min read

Голем дел од регионот Емилија Ромања е во црвена тревога, мобилизирана е цивилната заштита и максимално се внимава и на поплавите на реките и на свлечиштата на Апенините

ФОТО: EPA-EFE/MAX CAVALLARI

Обилни врнежи од дожд и поплави предизвикаа евакуација на околу 900 луѓе во италијанските региони Емилија Ромања и Марке, откако реките и потоците се излеаа од коритата. Областите долж јадранскиот брег се евакуирани, пренесува новинската агенција АНСА.

Над 500 лица се евакуирани во Равена, а 200 од нив во Болоња. Сите останати исто така се евакуирани од регионот Емилија Ромања.

Голем дел од регионот Емилија Ромања е во црвена тревога, мобилизирана е цивилната заштита и максимално се внимава и на поплавите на реките и на свлечиштата на Апенините.

Одделот за несреќи и итни случаи на болницата Сенигалија во близина на Анкона, главниот град на регионот Марке, мораше да биде евакуиран поради поплави. До граѓаните околу реката Миса е упатен апел да се преселат на горните катови на зградите. Нема извештаи за жртви. Противпожарните служби пријавија соборени дрвја, одрони и заглавени автомобили. Пожарникарите биле повикани повеќе од 120 пати, велат тие.

Железничките врски меѓу градовите во регионот се прекинати, а во некои градови властите ги затвориле училиштата. Општините вдолж Јадранот го блокираа пристапот до плажите поради силните ветрови и високите бранови.

Реката Савио се излеа од коритото во градот Чезена, во срцето на регионот Емилија-Ромања, а некои жители од поплавените улици излегоа на покривите од куќите за да чекаат спас со хеликоптери, соопштија италијанските пожарникари.

Агенцијата за цивилна одбрана, вчера, издала предупредување на највисоко ниво,  за поплави и лизгање на земјиштето во регионот Емилија-Ромања. Од Агенцијата упатиле апел до жителите во одредени области да избегнуваат непотребни патувања и доколку е можно да работат од дома.

Во регионот Емилија-Ромања, најпроблематична е ситуација во Ричионе каде што железничката станица е затворена и каде е поплавена и болницата за итни случаи. Во градот блокирани и непроодни се сите мостови и подвозници.

Поради лошите временски услови во Емилија-Ромања и областа на јадранскиот брег, железничкиот сообраќај е во прекин на линијата Болоња-Римини, меѓу Форли и Римини и на линијата Ферара-Римини, меѓу Равена и Римини.

Во Тоскана во раните попладневни часови поради силните налети на североисточен ветер и разбрануваното море во каналот Пиомбино прекинато е движењето на траектите до Рио Марина, на островот Елба. Како што е објаснето од пристаништето во Пиомбино, сите други врски со Портофераио се редовни.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Коалицијата на Кирил Петков нема да поддржи влада на ГЕРБ-СДС на чело со Марија Габриел

Следно

Потпишан договор Фронтекс да ги чува црногорските граници

Latest from Blog

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат: Кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО да не молчи,  итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери. Дали ЈО и Коцевски ја штитат

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 
Go toTop