(ВИДЕО) Почна церемонијата на крунисување на Чарлс Трети, присутен е и принцот Хари без Меган Маркл

May 6, 2023
1 min read

Тој ќе остане запаметен како престолонаследник кој најдолго чекаше за да дојде на тронот со оглед дека неговата мајка Елизабета беше на чело на британската монархија 70 години

Фото: EPA-EFE/Tolga Akmen

Во Вестминстерската опатија започна церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети околу 11 часот по локално време и се очекува да трае околу два часа.

Пред пристигнувањето на кралот, во Опатијата пристигнаа членовите на кралското семејство, меѓу кои и неговиот син, принцот Хари, кој во Лондон допатува без сопругата Меган Маркл.

Фото: EPA-EFE/Andy Rain

Постариот син Вилијам, со сопругата Кејт Мидлтон, влезе како претходница на кралот и кралицата Камила.

Круната на свети Едвард, која се користи само еднаш во текот на владеењето на еден крал, денеска ќе биде ставена на главата на Чарлс Трети со извикување: „Бог да го чува кралот“.

Чарлс седна во кралскиот стол на Едвард и со него го има владетелскиот жезол кој симболизира контрола над британската нација.

На церемонијата на крунисување присуствуваат околу 2 300 гости, меѓу кои 100-ина шефови на држави, освен оние од Русија, Белорусија, Северна Кореја и Никарагва.

Покрај Чарлс Трети се наоѓа неговата сопруга Камила која од денеска официјално ќе биде кралица. Чарлс Трети, пак, ќе стане 40. монарх кој е крунисан во Вестминстерската опатија од 1066 година. Тој ќе остане запаметен како престолонаследник кој најдолго чекаше за да дојде на тронот со оглед дека неговата мајка Елизабета, беше на чело на британската монархија 70 години.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Полна месечина на небото над Њујорк

Следно

Израелските сили убија двајца Палестинци на окупираниот Западен брег

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop