(ВИДЕО) Ново издание на 360°: За судирот Мицкоски-Груевски, уесбето, измените на КЗ, уставните промени…

September 26, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 25 септември 2023 г. на МРТ 1, во кое гостуваат потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ

Во првото интервју, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, сподели материјали за кои тврди дека се дел од тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на парлажентот, Талат Џафери, и уште едно лице. Притоа, Николоски покажа уесбе, за кое тврди дека е она што деновиве го спомнуваше лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски, а со „360 степени“ сподели и три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината од уесбето.

Во второто интервју, вицепремиерот Бојан Маричиќ вели дека театарот што го прави ВМРО-ДПМНЕ околу овој случај не може да го покрие нивното долгогодишно учество во разговорите на оваа тема, а материјалите кои ги приложил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, со некакви наводи дека измените на Кривичниот законик се своевиден договор помеѓу Груевски и власта, е смешно бидејќи кој било може да седне и да го напише тоа.

На крај е и нова Саботажа.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи свика Засилен состанок на Постојаниот совет во Виена

Следно

Пресуда против земјава поради нехуман третман на сексуалните работници во полициска акција во 2008 година

Latest from Blog

СВЕТОТ ВО ДЛАБОКА НЕИЗВЕСНОСТ – Започнува 81-то Генерално собрание на ОН

Во седиштето на ОН во Њујорк започнува 81-та сесија на Генералното собрание, каде што околу 130 шефови на држави и влади ќе дискутираат за глобалните предизвици под мотото „Обнова на довербата, управување

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите – политичката борба не е лиценца за клеветење

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната
Go toTop