ВИДЕО | НОВА КРВАВА НОЌ НА РУСКО ТЛО – Украински ракети ја погодија Белоградската област, шестмина загинаа

August 17, 2026
1 min read

Украински ракети синоќа ја погодија руската Белгородска област, при што загинаа шест лица, а четворица се повредени. Меѓу повредените е и 14-годишно дете, соопшти вршителот на должноста гувернер, Александар Шуваев. Нападот уследи само една ноќ откако руските власти соопштија дека Украина извршила „најмасовен“ напад годинава, во кој загинале најмалку седум луѓе, пренесува „Би-би-си“.

Во исто време, во руските напади врз Украина во саботата вечерта загинале најмалку седум луѓе, а повеќе од 39 биле повредени.

Русија ја започна целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година и сега контролира околу една петтина од украинската територија.

Во најновите украински напади биле запалени објект и оштетен автомобил во селото Колосково, во областа Валујски, во близина на руско-украинската граница, соопшти Шуваев.

Повреденото дете било пренесено во болница, додека на уште двајца луѓе им била укажана медицинска помош.

Украина во последните неколку недели ги засили нападите со дронови врз цели длабоко на руска територија.

Околу 820 украински дронови во саботата беа лансирани кон Русија, од кои 600 биле насочени кон Москва, според гувернерот на Московската Област. Тој нападот го опиша како „еден од најмасовните напади со дронови во поновата историја“ на руската престолнина.

Во нападите во саботата вечерта пет луѓе загинале во Ростовската Област, соопшти гувернерот. Во Белгород, пак, била убиена жена во напад врз автобус, додека 83-годишен маж загинал во напад со дрон во Московската Област.

Погоден бил и магацин на руската онлајн-продавница „Вајлдберис“. Украина од јули повеќепати ја гаѓа оваа компанија, која често се опишува како руска верзија на „Амазон“.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во последниот напад биле „онеспособени“ седум од 10-те најголеми логистички центри на „Вајлдберис“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шест критични и три починати од западнонилска треска

Следно

Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар
Go toTop