(ВИДЕО) Немири на улиците на Париз откако полицаец уби тинејџер, уапсени 20 лица

June 28, 2023
1 min read

Обвинителството потврди дека против неименуваниот полицаец одговорен за престрелката се води истрага за „убиство“. Жртвата, идентификувана како Наел М., починала вчера по 9 часот, откако во него било пукано половина час претходно

Дваесет лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир за време на протестите што избувнаа во Франција откако полицаец уби 17-годишно момче.

Убиството е снимено во Нантер, западно од француската престолнина. Како што беше соопштено, тинејџерот, кој по потекло е од Алжир, ги прекршил сообраќајните правила. Набрзо жртвата била идентификувана како Наел М., 17-годишен возач доставувач.

Полицаецот во меѓувреме е уапсен, а околностите под кои се случило убиството се уште се нејасни.

Синоќа на улиците на Париз избувнаа нереди, а беа запалени и неколку автомобили.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера помалите групи кои почнаа да прават хаос.

Иако ситуацијата се смири нешто по 3 часот наутро, тензиите продолжија, а протестите се проширија и во другите делови на Париз.

Во меѓувреме, обвинителството потврди дека против неименуваниот полицаец одговорен за престрелката се води истрага за „убиство“. Жртвата, идентификувана како Наел М., починала вчера по 9 часот, откако во него било пукано половина час претходно.

На снимката, која кружи на интернет, се гледа автомобилот во кој е момчето. Тој е првично стои, пред да тргне напред додека полицаецот му се заканува со смрт. Кога возачот тргнал, полицаецот пукал од непосредна близина, погодувајќи го во градите.

Градоначалникот на Нантер, Патрик Гери, рече дека е „шокиран“ од видеата и ѝ изрази „искрено сочувство на мајката на момчето“.

„Толку е тажно, тој беше толку млад“,

рече Самиа Боу (62), поранешна соседка на тинејџерот, која дошла да положи букет жолти рози на местото на настанот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Русија го нападна Краматорск: Најмалку осум лица загинаа од кои три се деца

Следно

Денеска на Скопско лето концерт на Андреј Наунов и Кристијан Жермен

Latest from Blog

Гоце Делчев, 23 јануари 1902: „Да не се плашиме од смртта. Каде и да нè посети, да ја дочекаме со презир – и да ја победиме!“,

„Зелениче е прекрасно, големо гурбетчиско село. Атмосферата во куќите е речиси градска. Многу од мажите носат панталони. Питоми, приемчиви, гостопримливи луѓе. Ова е првпат да го видам Делчев на работа овде. Тој

Занаетчиите се против минимална плата од 600 евра

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува

Плус Инфо: Двојни аршини и спорни квалификации во постапувањето на Обвинителството во случајот „Пулс“

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој однесе 63 човечки животи, прераснува во сериозен тест за македонскиот правосуден систем, не само поради тежината на последиците, туку и поради правните преседани

Коњановски: Визијата на Гоце Делчев и денес ја води Македонија

Денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Делегација од Општина
Go toTop