ВИДЕО: Најмалку 20 загинати во голема полициска операција во квартови на Рио де Жанеиро

October 28, 2025
1 min read

Најмалку 20 лица, меѓу кои и двајца полицајци, беа убиени во операција против организираниот криминал во Рио де Жанеиро денес, објави локалната самоуправа, неколку дена пред бразилскиот град да биде домаќин на два меѓународни настани.


„Цврсто стоиме против наркотероризмот“, напиша Клаудио Кастро, гувернер на вториот по големина град во Бразил, на социјалните мрежи.

Тој додаде дека 2.500 припадници на безбедносните сили учествувале во операцијата во фавелите Алемао и Пења, сиромашни, густо населени предградија на Рио. Властите соопштија дека се убиени 18 лица од круговите на трговија со дрога.


Рио ќе биде домаќин на Самитот на светски градоначалници C40 следната недела и на доделувањето на наградата „Ертшот“ на принцот Вилијам, на која ќе присуствуваат поп-ѕвездата Кајли Миног и возачот на Формула 1, Себастијан Фетел. И двата настани се вовед во самитот за климата на Обединетите нации COP30 во Белем, град во северен Бразил.

За време на полициската акција, се слушаа пукотници низ целиот град.



Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски најавува економски поттик и нови индустриски зони за Пробиштип

Следно

Ѓорѓиевски: Разликата од 60.000 гласа е рекордна, очекувам победа во вториот круг

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop