(ВИДЕО) Култниот фестивал во Невада стана хорор-приказна: Дождот ја претвори пустината во кал, еден загинат

September 3, 2023
1 min read

За само 24 часа паднал дожд како за период од два до три месеци. Пустинскиот песок, сведочат посетители, се претворил во густа кал слична на глина низ која е екстремно тешко да се пешачи или да се вози велосипед

Годинешниот култен фестивал „Брнинг мен“, што се одржува во пустината Бек Рок во американската сојузна држава Невада, се претвори во хорор-приказна. Поради обилни држави, на илјадници посетители на популарниот настан им беше наредено да не го напуштат местото.

Организаторите побараа од околу 70 000 гости да штедат храна, вода и гориво бидејќи обилните врнежи го претвориле пустинскиот песок каде што се наоѓа фестивалскиот камп, во кал. Влегување и излегување е забрането.

Последните информации што ги пренесуваат американските медиуми се дека е пријавен и еден смртен случај. Засега нема официјални информации за околностите во кои настанала смртта ниту, пак, е познат идентитетот на жртвата.

„Семејството е известено и смртта се истражува“,

соопштија властите од округот Першинг.

Според информациите, за само 24 часа наврнал дожд како за период од два до три месеци. Пустинскиот песок, сведочат посетители, се претворил во густа кал слична на глина низ која е екстремно тешко да се пешачи или да се вози велосипед.

„Се очекуваат повеќе дождови во текот на следните неколку дена, а не се очекува условите да се подобрат доволно за да може да влезат возила на местото“,

соопшти Бирото за управување со земјиште, пренесува Си-ен-ен.

Точниот број на луѓе кои се заглавени во пустината не е познат. Само мал дел од нив успеале навреме да излезат. Меѓу нив е и американскиот диџеј Дипло кој на Х (поранешен Твитер) напиша дека заедно со комичарот Крис Рок морале да пешачат осум километри за да стигнат до патот од каде што обожаватели ги зеле со возила.

„Брнинг мен“ годинава беше предвидено да трае девет дена. Тоа е еден од најпознатите културни настани во САД и специјално за него, посетителите создаваат „привремен град“ во пустината каде што кампуваат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Америка и Европа се разделуваат поради Украина

Следно

Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал 850 официјални голови

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран никогаш нема да попушти пред претераните барања на САД

Пезешкијан ова го порача за време на виртуелен состанок посветен на разгледувањето на кандидатурата на Мехрдад Ахлаги Кетабчи за нов министер за одбрана на Иран, објавија иранските медиуми.  Пезешкијан нагласи дека на

Меџити: Поддршка за занаетчиите и зачувување на духот на Старата скопска чаршија

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, најави продолжување на институционалната поддршка за Старата скопска чаршија, со акцент на зачувувањето на традицијата, промоцијата на културата и развојот на локалните

Јунајтед продолжува по старо: Шестти меч по ред без победа за „црвените ѓаволи“ (Видео)

Серијата без победа за Манчестер јунајтед продолжи и на гостувањето кај Лидс, па „црвените ѓаволи“ веќе шестти меч по ред не знаат за триумф. Избраниците на Мајкл Карик последната победа ја забележаа

„И Здравје и Работа“: Европа ги забрзува постапките за критични минерали, Македонија треба да го искористи потенцијалот на Иловица

Од иницијативата повикуваат јавната дебата за рударството да се темели на факти, стручност и одговорно разгледување на економските можности и еколошките стандарди. Европската Унија ги интензивира напорите за обезбедување критични минерални суровини,

Папата по операцијата на рак на белите дробови: Се чувствувам поблизок до оние што страдаат

Седумдесет и едногодишниот поглавар ја предводеше неделната молитва „Ангел Господов“ од балконот на Апостолската палата – истото место од каде што, една недела претходно, објави дека ќе мора да биде опериран. Илјадници
Go toTop