Видео: Кривична пријава за татко од Ново Село: снимал и објавил насилство врз 11-годишната ќерка

July 10, 2025
1 min read

Педесет и седумгодишниот З. Ч. од струмичко Ново Село се соочува со кривично гонење откако во јавноста се појави видеозапис на кој физички ја малтретира сопствената ќерка, стара само единаесет години. Според СВР Струмица, инцидентот се случил на 8 јули во дворот на семејната куќа. По разводот од сопругата, токму пријавениот е законски старател на детето.

Веднаш по објавувањето на видеото на социјалните мрежи, полициски службеници го идентификувале и повикале З. Ч. на разговор. Во службените простории на СВР Струмица тој го признал делото. По налог на обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, над девојчето е извршен лекарски преглед; констатирано е црвенило на двете раце во пределот на зглобовите. Во случајот е вклучен и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, кој презема мерки за понатамошна заштита и згрижување на детето.

Против З. Ч. е поднесена кривична пријава за „насилство врз дете“, дело кое согласно македонскиот Кривичен законик се казнува со затворска казна. Обвинителството најави итна постапка, а на таткото му се заканува и одземање на старателството.

@racin2025 … Татко монструм од Ново Село снимал насилство врз својата ќерка. МВР поднесе кривична пријава против сторилето. 🔗Читај повеќе на Рацин.мк #fyp #goviral #macedonia🇲🇰 #viralvideos #foryou ♬ original sound – РАЦИН.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кликс: Се гаси Ал Џазира Балканс

Следно

Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 7-12 август во Дојран

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop