(ВИДЕО) Истражување: Колку има „ситна корупција“ во Македонија – за кого гласаат, така одговараат

May 23, 2023
3 mins read

Да најдеш пријател за побрзо да извадиш документ. Да дадеш виски или накит за подобра оценка на детето или за да те бутнат преку ред. Ова се само некои примери на појавата што општо се нарекува – ситна корупција. Апсолвирано е дека во земјава ја има, но прашањето е – колку?

Во соработка со ТИМ Институтот, ова прашање во телефонска анкета го одговорија 823 возрасни испитаници, чија структура одговара на етничката, половата и регионалната распространетост на населението. Околу 78% од испитаниците сметаат дека ситната корупција е распространета во нашата земја.

Тоа значи дека од секои 10 луѓе кои ги гледате на улица или околу вас, 8 сметаат дека ситната корупција е присутна во многу сфери на општественото живеење. Но, отидовме чекор понатаму и се обидовме да откриеме – дали овој став се разликува во зависност од политичката припадност.

На скала од 1 до 5, каде што 1 значи нема ситна корупција, а 5 дека е насекаде и дека сите се вмешани, гласачите на ВМРО-ДПМНЕ дадоа средна оценка од 4,56. Следуваат гласачите на Левица со средна оценка 4,38, а зад нив се гласачите на Алијанса за Албанците (4,23) и опозициската Беса (4,12). Најдобри просечни оценки дале гласачите на владејачката СДСМ – 4 и гласачите на нивниот коалициски партнер ДУИ – 3,76.

На прашањето, пак, „со цел успешно да решите одреден проблем во јавниот сектор, колку е веројатно дека треба да му дадете пари/подарок или да му направите услуга на јавниот службеник, здравствен работник, наставник и слично“, со многу веројатно одговориле:

51,4% од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, 47,2% од неопределените гласачи, 43,8% од гласачите на Алијанса за Албанците, 34,5% од гласачите на Левица, 29,4% од гласачите на БЕСА , 27,5% од гласачите на ДУИ, 24,4% од гласачите на СДСМ.

Или – симпатизерите на власта гледаат помалку корупција отколку оние на опозицијата.

Според професорот Али Пајазити од Универзитетот на Југоисточна Европа, овие податоци за перцепцијата на корупцијата покажуваат дека граѓаните тешко излегуваат од „матрицата“ на партијата, па индивидуалните размислувања ги темелат во зависност од партиските ставови.

„Ние имаме една парохијална политичка култура, значи немаме индивидуална политичка култура на субјект кој размислува со својата глава, туку тргнуваме од ефектот на толпата. Значи, политичките партии успеале демосот, крајно или екстремно, да го исполитизираат“,

вели проф. д-р Али Пајазити од Универзитетот на Југоисточна Европа.

Али Пајазити, Универзитет на Југоисточна Европа

За професорот Ило Трајковски од Филозофскиот факултет при УКИМ, пак, интересно е што мислењето на неопределените е поблиско до опозициското перципирање на прашањето.

Перцепцијата на неопределените граѓани кои се доближуваат по својата критичност до оценките на опозициската партија на ВМРО-ДПМНЕ. Што е интересно и што би значело дека доколку властите, овие или било кои други, бидејќи претпоставувам дека да има можност да ги споредиме овие податоци со податоци од пред 8-9 години, би имале слична слика, значи таа констатација дека симпатизерите на партиите на власт се помалку критични кон сопствените, кон своите. Или, пак, може да претпоставиме дека не им требаат тој тип на активности кои потпаѓаат под категоријата ситна корупција, за да ги завршат своите работи, туку можат тоа да го направат на друг начин“,

објаснува проф. д-р Ило Трајковски од Филозофскиот факултет, УКИМ.

Ило Трајковски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Но, како што има перцепција дека на граѓаните често им се бара мито или противуслуга, има и перцепција дека понекогаш граѓаните сами нудат да платат за повластен третман. На пример, ако полицијата ги фати во прекршок или ако е потребна итна медицинска интервенција.

Тоа е веќе болно. Мислам дека вончовечки е да чека болен човек и тогаш би барал некој ако може да ургирам, тогаш би ургирал.

Ако имам можност и приватно одам, ако има можност, но нема секој можност, јас имам можност, што да правиме за тој сиромашниот.

Со оваа нашава пензија приватно не можеме да замислиме да одиме. Така, ќе чекаме до кога ќе дојдеме на ред. Ако доживееме до тој ден.

велат дел од граѓаните кои ги анкетиравме во Скопје.

Претпоставените ситуации беа дел од прашањата што ТИМ институтот ги постави на 823 возрасни лица. На прашањето „замислете се во ситуација да ве запре сообраќајна полиција по направен прекршок, што прво би направиле“, малцинство се луѓето што без приговор потпишуваат записник и плаќаат казна.   

Интересно е што има извесни разлики во однесувањето меѓу припадници на различни етнички групи. Опцијата, „го замолувате полицаецот да ви прости“ ја избрале 47,7 проценти од Македонците, 41,7% од Албанците и значително повисоки 60,7% од припадниците на другите етнички групи.

Опцијата „прифаќам и плаќам“ ја одбрале идентични 33,9% од Македонците и Албанците и само 16,4% од другите. Опцијата „итно барате пријател“ ја избрале 12,3% од Македонците, 18,2% од Албанците и 13,1% од останатите.

На прашањето, пак, „потребна ви е итна операција, но првиот термин е за еден месец“, опцијата „итно барам пријател“ ја избрале 56% од Македонците, 48,4% од Албанците и 45,9% од останатите етнички заедници. Припадниците на другите етнички заедници, пак, во најголем број, 37,7% одговориле дека ќе го чекаат терминот, споредено со 22,9% од Албанците и 19,5% од Македонците. Изборот „нудам мито на докторот/сестрата“ го избрале 1,6% од Македонците и 6,8% од Албанците.

Гледано социолошки, може да се објасни со феноменот дека Албанците секогаш биле во инфериорна позиција или социјално општествен статус и тие го немаат сè уште креирано својот ‘нетворкинг’ и немаат во елитата на здравството голем број специјалисти или експерти на браншата, па така се принудени, земајќи историски, да плаќаат т.е. да даваат мито. Додека кај етничките Македонци е поизразен ‘нетворкингот’ или вмрежувањето “,

потенцира Пајазити.

Во однос на диференцијација по однос на етничка основа, јас лично не гледам значајни статистички разлики. Има мали варијации во однос на Албанците и Македонците и другите, но не драматично различни. Разликите се посилни во однос на политичките партии, граѓаните во тој дел се подеднакво или критични кон тој феномен или, пак, се подеднакво толеранти зашто нивните се на власт“,

вели Tрајковски.

Истражувањето за перцепцијата на граѓаните кон ситната корупција е направено телефонски, во периодот од 31 март до 5 април, со маргина на грешка од плус минус 3,4%.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анчелоти: Винисиус не размислува за заминување, го сака Реал Мадрид

Следно

Борел: ЕУ веќе ѝ испрати на Украина 220 000 илјади артилериски гранати и 1 300 проектили

Latest from Blog

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците.  Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила
Go toTop