(ВИДЕО) Иницијатива од партијата на Макрон: Француското собрание да донесе резолуција за македонскиот јазик како Бундестагот

June 22, 2023
2 mins read

За време на нашите разговори навистина забележавме дека тоа силно се очекува од страна на нашите македонски соговорници и се разбира дека разговаравме меѓу нас и мислам дека сме на добар пат за да го усвоиме истиот текст како пратениците од германскиот Бундестаг – вели во интервју за „360 степени“, Лилијана Танги, пратеничка од партијата на претседателот Емануел Макрон во француското Национално собрание, која деновиве со група колеги е во посета на земјава

На добар пат сме во француското Национално собрание да усвоиме резолуција за реафирмирање на македонскиот јазик на патот на Северна Македонија кон Европската Унија, вели во интервју за „360 степени“, Лилијана Танги, пратеничка во францускиот парламент од партијата на претседателот Емануел Макрон. Танги, која деновиве со група свои колеги е во посета на земјава, вели дека ќе се потрудат да обезбедат што е можно пошироко мнозинство за усвојување таков текст по примерот на резолуцијата што неодамна ја донесе Бундестагот.

Лилијана Танги, пратеничка во француското Национално собрание, во разговор со „360 степени“

Одговорот на пратеничката Танги е во контекст на барањата на ВМРО-ДПМНЕ за дополнителни гаранции за македонскиот идентитет и јазик во текот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

„Ќе кажам дека таа иницијатива на германскиот Бундестаг, од страна на нашите германски колеги, е интересна иницијатива затоа што јас лично ја поддржувам и мнозинството пратеници од француското Собрание би можеле да ја поддржат, исто така. И мислам дека може да размислуваме да преземеме слична иницијатива во рамките на француското Национално собрание. И што се однесува до гаранциите коишто се очекувани, во поглед на македонскиот јазик, би сакала да потсетам дека Франција го признава македонскиот јазик затоа што има катедра за изучување македонски јазик во ИНАЛКО (Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации во Париз, н.з.) и решението, односно францускиот предлог, беше важен во однос на реафирмирањето на македонскиот јазик како јазик официјално признаен од страна на Европската Унија и тоа се навистина елементи кои по природа на нештата би можеле да ни помогнат да составиме предлог. И затоа, како претседателка на групата за пријателство помеѓу Франција и Северна Македонија, навистина размислувам да предложам таков предлог и би сакала за тоа да разговарам со сите мои колеги од француското Национално собрание, навистина меѓу сите политички партии, за да може да имаме колку што е можно пошироко мнозинство за усвојување на таков текст“,

вели Лилијана Танги.

Прашана дали во текот на неколкудневниот престој во земјава веќе разговарала на оваа тема со пратениците во делегацијата кои се од други партии, Танги одговара:

„Да, за време на нашите разговори навистина забележавме дека тоа силно се очекува од страна на нашите македонски соговорници и се разбира дека разговаравме меѓу нас и мислам дека сме на добар пат за да го усвоиме истиот текст како пратениците од германскиот Бундестаг.“

Лилијана Танги е родена во Панчево, во некогашна Југославија, од татко Македонец и мајка Хрватка, кои емигрирале во Франција. Ова е нејзин втор мандат како пратеничка во француското Национално собрание.

Во резолуцијата што неодамна ја донесе германскиот Бундестаг се дава поддршка за европската иднина на Северна Македонија, како и признание на македонската култура, идентитет и јазик. Резолуцијата содржи 13 точки препораки за владата во Берлин, меѓу кои, „да ја повика Бугарија да го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ во рамките на компромисот договорен со Советот и да се воздржи од дополнителни услови“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Длабочината на дното

Следно

Над 60 отсто од Американците сметаат дека обвинувањата против Трамп се политички мотивирани

Latest from Blog

Откриен планот на Израел: Тајни пустински бази за напади врз Иран

Неодамнешните откритија на „Волстрит џурнал“ покажуваат дека Израел изградил база во западната пустина на Ирак за употреба во војната што започна во февруари 2026 година. Сепак, ирачките претставници изјавија за „Њујорк тајмс“

Тревога во Финска: Кренати борбени авиони- откриена е опасност

Финскиот јавен радиодифузер Иле објави дека војската го зголемила надзорот на областа. Латвиските власти утрово издадоа јавно тревога поради можно присуство на дрон во воздушниот простор на земјата, а подоцна латвиската војска

Во Mакедонија годишно се фрлаат над 10 илјади тони храна

Во Mакедонија годишно се фрлаат над 10 илјади тони храна. Експерти од прехранбената индустрија, претставници на академската заедница и студенти дискутираа за иновативни и одржливи пристапи за транформација на прехранбените нус производи
Go toTop