(ВИДЕО) Голема снежна бура предизвика хаос на североисточниот брег на САД – има и жртви!

February 14, 2024
1 min read

Североисточниот брег на Соединетите Американски Држави го зафати една од најтешките снежни бури во последните две години. Сообраќајот е во хаос, а има и жртви.

Во Пенсилванија, 20-годишен маж загина на моторна санка кога налета на падната жица, соопшти полицијата во Њубери.

Поради снежното невреме откажани се околу 1.500 летови, главно во Њујорк и Бостон, додека други 2.700 се одложени, јавува Би-би-си.

Наставата во живо за илјадници студенти во Њујорк, Пенсилванија и Масачусетс е прекината и сега се одржува онлајн. Во некои области забрането е движење на комерцијалните возила, а властите ги повикаа жителите да избегнуваат патувања, ако е можно.

Снежна бура погоди 150.000 жители на Пенсилванија со прекин на електричната енергија во вторникот наутро по локално време, а 50.000 останаа без струја синоќа.

Поради снежното невреме 46 милиони граѓани се предупредени дека обилните врнежи и силните ветрови би можеле да доведат до поплави на улиците.

Исто така, се додава дека во Централ парк и Њујорк падна најголемо количество снег во последните две години, а надлежните служби ги предупредуваат граѓаните дека големите количества вода во текот на ноќта може да се претворат во лизгалишта поради ниските температури.

Во Конектикат времето предизвика повеќе од 160 несреќи во кои се повредени осум лица, а полицијата и властите примиле 764 повици за помош. Полицијата во Њу Џерси регистрирала над 440 сообраќајни несреќи.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин потпиша закон за оние кои ја дискредитираат руската војска

Следно

Локализиран пожарот во Ист Гејт Мол

Latest from Blog

Нападната Марија Шерифовиќ: Ме зграпчи за врат

Имено, Марија одговараше на прашања од нејзините обожаватели и откри како девојката физички ја нападнала поради слика и зошто Марија подоцна носеше јака, објави Телеграф. – Едно лице ми пријде додека бев

Новогодишна донација од Витаминка за најмладите пациенти

Во духот на новогодишните празници и хуманите вредности што ги негува, Витаминка покрај останатите активности за деца организирани во предновогодишниот период, реализираше и новогодишна донација наменета за најмладите пациенти кои се лекуваат

МЕПСО го рестартира стратешкиот проект за 400 kV интерконекцијата Битола–Елбасан

АД МЕПСО соопшти дека успешно завршила постапката за избор на најповолен понудувач за проектот од висок стратешки интерес – изградбата на 400-киловолтната интерконекција Битола – Елбасан (Компонента 1: ДВ од ТС Битола
Go toTop