Путин потпиша закон за оние кои ја дискредитираат руската војска

February 14, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес го потпиша законот што Парламентот го усвои кон крајот на јануари, за одземање на имотот на оние лица кои ги „дискредитираат“ безбедносните сили, пренесува Анадолу.

Со Законот, објавен на порталот од Владата на Русија, се менува Кривичниот закон и се проширува листата на кривични дела за кои е можно да се предвиди одземање на имот, вклучувајќи и свесно ширење на лажни информации за руските безбедносни сили.

Законот се однесува на злосторствата сторени особено од себични причини и повикува на конфискација на пари, скапоцености или друг имот на осуденото лице поради стореното кривично дело или активности насочени против безбедноста на Русија.

Државната дума, долниот дом на Парламентот на Русија, едногласно го усвои законот во текот на седницата на 31 јануари во второто и третото читање.

Вјачеслав Володин, претседателот на Думата, на социјалната мрежа Телеграм објави дека „апсолутно мнозинство“ го поддржува казнувањето на оние кои „ги валкаат Русија, војниците и офицерите“ надвор од земјата, како и оние кои ја поддржуваат и финансираат Украина.

„Усвоената одлука овозможува казнување на оние кои се занимаваат со активности против нашата земја“, рече Володин и додаде дека ќе им бидат одземени почесните звања, имот, пари и други вредности во Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Феминистички групи во Русија под притисок на власта за „традиционалните вредности“

Следно

(ВИДЕО) Голема снежна бура предизвика хаос на североисточниот брег на САД – има и жртви!

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop