Штом стигне платата, на многумина им се чини дека парите исчезнуваат побрзо отколку што се заработени – за сметки, основни потреби, храна и дружења, особено денес кога трошоците за живот се повисоки од кога било.
Сепак, една жена која знае како да располага со пари откри како успеала да заштеди импресивни околу 90.000 евра, додека поседува дури три недвижнини, и тоа со годишна плата од околу 49.500 евра.
Чарли Луис, која се гордее со својата штедливост, е решена да заштеди колку што може повеќе за да може да се пензионира до своите четириесет години. Оваа 27-годишна девојка си поставила цел да заштедува околу 32 евра секој ден, што годишно изнесува приближно 11.800 евра.
„Секогаш кога ќе достигнам нов праг од 1.000 евра, веднаш размислувам како следните 1.000 да ги заработам уште побрзо“, рекла неодамна во видео на ТикТок.
Чарли го заменила трособниот дом во атрактивен дел на градот со куќа која требало да ја реновира. Денес поседува три недвижнини, сите купени пред 25-тата година, и дополнително заработува со изнајмување.
@charlie_louise_cc What I earned in a day as someone trying to earn £27 a day from side hustles that anyone can do #personalfinance #sidehustle #sidehustleideas ♬ original sound – Charlie | Life & Money
„Луѓето често велат: ‘Заработуваш 49.000 евра годишно, а тоа е твојата куќа?’ Јас тоа го гледам вака: можев да имам една голема куќа наместо три помали, но таа една голема не би ми носела пари, затоа што би живеела во неа“, објаснува таа.
Чарли, која тврди дека никогаш нема да троши на луксузни работи само за да импресионира други, ги споделила своите стратегии за зачувување на штедната и доследност кон финансиските цели.
Само во септември заработила околу 3.060 евра од редовната работа и уште околу 1.240 евра од изнајмување недвижнини. Покрај тоа, преку своите дополнителни работи успеала да заработи околу 11.800 евра во еден месец.
Нејзиниот приход бил разновиден:
• околу 650 евра од соработка со брендови,
• околу 815 евра од дигитални производи,
• околу 200 евра за истражување на пазарот,
• околу 560 евра од TikTok програмата за креатори,
• околу 80 евра од „мистериозна куповина“,
• околу 62 евра од продажба преку TikTok продавница,
• и околу 30 евра од тестирање веб-страници.
Освен што вешто ги зголемува своите приходи, Чарли пронашла и паметни начини да ги намали трошоците.
Избегнува ресторани и достава на храна
Чарли открива дека речиси никогаш не јаде надвор. Таа верува дека оброкот во ресторан треба да биде посебна пригода, а не навика. „Достава на храна нарачувам најмногу три пати годишно и тоа не само затоа што е викенд“, вели таа.
Кога сепак излегува, избира поевтини опции или бара посебни попусти и понуди.
Инвестирање
Чарли нагласува дека дел од својата штедна вложува во инвестициски фондови и акции, за нејзините пари да растат. Во моментов е на една четвртина од својот цел од околу 118.000 евра кои планира да ги достигне.
Паметно користење на времето по работа
Таа истакнува дека максималното искористување на времето е клучно ако сакате дополнителен приход или планирате инвестиции. Слободното време го посветува на „мистериозна купување“, истражување на пазарот и тестирање на производи. Иако тоа бара труд, ѝ носи видлив финансиски резултат.
„Моите дваесетти се за создавање пари, за да можам во тридесеттите да имам слобода и да се ‘пензионирам’ во свој ритам до четириесеттите“, вели Чарли.
Живот под своите можности
Месечно си дозволува околу 235 евра за работи кои не се неопходни. Никогаш не купува ништо на рати и користи кредитна картичка само за да добие награди, не затоа што не може веднаш да плати. Строго се придржува кон својот план за трошоци и одбива излегување со пријатели ако тоа би значело надминување на буџетот.
„Живеењето под своите можности не значи само штедење, тоа значи создавање повеќе пари“, објаснува таа.
Буџетирање
Секој месец внимателно ги планира своите трошоци:
„Одвојувам пари во посебни фондови, купувам подароци и картички каде што можам да добијам враќање на пари, за побрзо да ја отплатам хипотеката.“
Таа го застапува и методот кој го нарекува „ефект на ној“:
„Луѓето често избегнуваат планирање на трошоците затоа што знаат дека потрошиле премногу. Јас не ја ставам главата во песок, без разлика на резултатот, затоа што игнорирањето на проблемот само го влошува.“
Напомена: И повеќе е јасно дека овие суми се нереални за Македонија, но планот на Чарли може да ви помогне со вашите месечни средства полесно и покреативно да калкулирате – за на крај да имате своја заштеда.
Извор: kurir.mk