(ВИДЕО) Дваесет лица, од кои 5 службеници во МВР, се осомничени за шверцување луксузни автомобили

July 5, 2023
2 mins read

Во истрагата на Основното јавно обвинителство се осомничени дваесет физички лица и едно правно лице. Од нив, 18 се веќе уапсени, додека пак две лица се во бегство. Осомничените се товарат дека во текот на 2021 и 2022 г. организирале и учествувале во пренесување патнички моторни возила во земјава на нелегален начин користејќи лажни јавни исправи со кои ги регистрирале возилата, по што биле продавани на македонскиот пазар

Досега во истрагата се опфатени 15 луксузни возила – 14 патнички моторни возила и еден мотоцикл чиј износ изнесува околу 600 000 илјади евра

Основното јавно обвинителство во соработка со Министерството за внатрешни работи, по долга и сложена истрага која траела околу една година, утринава покрена обвинение за 20 лица кои се осомничени за повеќе кривични дела – поттикнување на криумчарење, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и фалсификување исправа. Од 20. осомничени лица, 18 се лишени од слобода, додека пак две се во бегство.

Истрагата според обвинителката која го води случајот, Наташа Сарамандова, траела долго време и поради нејзината сложеност бил вклучен и обвинител во фаза на обезбедување докази за да се откријат сите траги и начинот на извршувањето на кривичните дела од страна на обвинетите. Од 20. осомничени лица, пет се службени лица вработени во Министерството за внатрешни работи кои им помагале на другите да ги шверцуваат возилата од странство во земјава, но и потоа помагале при нивната легализација издавајќи им валидни македонски регистарски таблички и сообраќајни документи.

„Во моментов се лишени од слобода 18 лица, додека две лица се во бегство. Против осум лица ќе бидат поднесени предлози мерка притвор, од кои за шест лица веќе е обезбедена мерката, две лица се во бегство и за нив ќе биде побарана мерка притвор во бегство. За преостанатите ќе се предложи мерка обезбедување“,

вели Сарамандова.

Претресите биле извршени во четири града – 22 во Скопје и по еден во Битола, Ресен и Кочани. Обвинителството побара притвор за 8 лица, додека пак за другите опфатени во истрагата побара мерки за безбедност, односно, одземање на патните документи, забрана за напуштање на живеалиштето, и редовно појавување на суд. Сарамандова рече дека постојат сомнежи за постоење и на други вакви возила, но не сакаше да открие детали околу тоа дали ќе има проширување на истрагата.

Какви возила биле криумчарени во Македонија?

Обвинителката Сарамандова во своето излагање кажа дека сите возила што се опфатени во истрагата се украдени или затаени во западноевропските земји, кои потоа со фалсификувани документи се внесени на територија на Македонија. Станува збор за вкупно 15 возила кои се произведени во 2020 и 2021 г. и имаат вредност од околу 500-600 илјади евра.

Како возилата стигнувале до нашата земја?

Возилата се потекнуваат од различни европски земји, а она што е заедничко за нив е тоа што сите се луксузни автомобили кои биле предмет на потрага во земјите на потекло. Четири лица кои биле поттикнати од првите осум осомничени преку различни гранични премини ги внесувале автомобилите во земјата не пријавувајќи ги за царинење, додека пак 5 лица – референти за управни работи во МВР – овозможувале регистрација на возилата иако биле свесни дека документацијата за возилата е невистинита. Со цел да ги прикријат трагите за потеклото на автомобилите, другите осомничени вршеле купопродажба неколкупати во краток временски период за цена која била далеку пониска од пазарната. На крај автомобилите биле продавани на домашни физички и правни лица.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Гијом Феј и палењето на Франција

Следно

Курти: Собираме информации за тврдењата дека СПЦ е вмешана во шверц со оружје

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop