(ВИДЕО) Драматично во Грција, беснеат пожари во Атика, поширокиот регион на Атина

July 17, 2023
1 min read

Во грчката област Атика беснеат пожари што на жителите им ги враќаат сеќавањата од огнената катастрофа што им се случи пред точно пет години во јули 2018 кога загинаа 104 лица, а над 700 беа евакуирани.

Денеска горат два пожари на две различни локации – едниот во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, другиот на Пелопонез во близина на Коринт и засега се вон контрола.

Заради заштита на населението веќе почна евакуација на жителите од населените места во погодените региони, додека во близина на Атина веќе има и материјална штета, јави МИА.

Грчките медиуми објавуваат драматични видеа од терен.

Пожарот во источниот дел на областа Атика е активен над пет часа и поради силниот ветер се шири со голема брзина, а веќе изгореа домови во неколку населби кои не се густо населени. 

Поради пожарот на Пелопонез, затворен е автопатот од Атина до Коринт и во двата правци, а превентивно беа евакуирани детски камп и дом за нега на стари лица. 

Властите издадоа неколку превентивни известувања за евакуација на населените места во близина на пожарите вклучувајќи ги Анависос, Лагониси, Пета Кувара и Саронида. Евакуирани се и еден манастир и населбата Хелони. Пожарот им се заканува и на електричните столбови, па можни се прекини на снабдувањето со струја.

Пожарникарите од копно и од воздух се обидуваат да ги стават под контрола огнените јазици. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, за пожарите ќе се одржи вонреден состанок на надлежните министри.

Грчките медиуми јавуваат дека пожарите избувнале при многу топли, суви и ветровити метеоролошки услови. Според надлежните, повеќе од 150 лица се на терен, но состојбата не се смирува и можно е проширување на огнот.

За време на европскиот топлотен бран во јули 2018 година Грција беше зафатена од серија шумски пожари кои започнаа во крајбрежните области на Атика. Тогаш загинаа 104 лица. Тоа беа втори најсмртоносни пожари во 21 век, по пожарите во Австралија во 2009 година во кои загинаа 173 лица.

Насловна фотографија: принтскрин

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сите политички сили во С Македонија да ги поддржат уставните измени, нови барања нема да има – порака од „Вајмарската тројка“

Следно

Внукот на Слободан Милошевиќ преку партијата на дедо му влегува на голема врата во српската политика

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop