ВИДЕО: Човек скија низ улиците на Сараево, но заработи казна

January 11, 2026
1 min read

Обилните снежни врнежи го претворија главниот град на БиХ, Сараево во бајковит пејзаж. Еден млад човек го искористи ова, исполнувајќи го својот сон да скија на главната улица во градот. Тој го привлече вниманието на минувачите со својот спонтан скијачки спектакл, јавува „Дневни аваз“.

Скијањето на булеварот предизвика радост кај минувачите, кои го забележаа овој необичен момент со своите мобилни телефони и го споделија на социјалните мрежи. Повеќето реакции беа полни со восхит, додека многумина рекоа дека оваа позитивна атмосфера им го разубавила денот.


Момчето, кое беше казнето со 200 евра за загрозување на безбедноста во сообраќајот, рече дека сака да ја сподели својата љубов кон зимските спортови на начин што ќе ги насмее другите и ќе ги инспирира.

„Не можете да им го објасните животот на мртвите. Исто како што не можете да им објасните на некои луѓе дека автомобилите не забавиле поради мене – туку јас забавив поради нив. Ова видео е во спротивност со она што го велат медиумите, дека го забавив сообраќајот. Да, беше опасно. Но, од моја перспектива – воопшто не. Цел живот скијам професионално и точно знам каде ми се границите. Ова не беше лудост, туку акција контролирана од искуство. Го објавувам дури сега затоа што целта никогаш не била Инстаграм, прегледи или внимание. Ова беше сон на едно момче што се оствари еднаш во животот“, изјави Бенџамин Годињак.



Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не си играјте Гугл доктори: Истражување на Гардијан покажа дека ВИ на Гугл шири „опасни дезинформации за здравјето“

Следно

ФА Куп: Јунајтед повторно се избламира, Арсенал си “гази“!

Latest from Blog

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на државата. Во годишниот нацрт-извештај Вајц, меѓу

Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава

Времето во четврток, 26 февруари, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Температурите

Мицкоски и Тошкоски ќе имаат плати од над 2.500 евра и покрај намалувањето на коефициентите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела пакет од предлог измени на шест закони со цел да се намалат платите на избраните и именуваните функционери за 10 до 13 илјади денари. Пакетот од шест
Go toTop