(ВИДЕО) Александар Николоски го покажа фамозното уесбе и ја сподели неговата содржина

September 25, 2023
2 mins read

Клучно, според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, е тоа што предложените измени на Кривичниот законик во документот од три страници (од уесбето) кореспондираат со она што го предложи Владата, а експресно го усвои Собранието

Прашан како јавноста да верува дека ова што го тврди е точно и автентично кога секој може да земе уесбе и да состави одреден текст во „ворд“ (што е содржината на уесбето), Николоски рече дека на уредот има јасна трага кој е креатор

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, сподели материјали за кои тврди дека се дел од тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и уште едно лице. Притоа, Николоски покажа уесбе, за кое тврди дека е она што деновиве го спомнуваше лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски, а со „360 степени“ сподели и три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината од уесбето.

Споделениот материјали може да го прочитате или преземете подолу:

Според Николоски, тоа се докази дека веќе подолго време поранешниот претседател на партијата Никола Груевски е дел од сценарио за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

„Ние спомнавме дека имаме докази за таа работа. Јас, еве – ќе ги извадам вечерва во интервјуто. Ова е тоа фамозно уесбе-стикче на коешто ги има измените. А, измените ќе Ви ги оставам. Ако ги прочитате измените на Кривичниот законик, коишто се доставувани минатата година…

– Ова за што зборувате е содржина од уесбето?

Да. Значи, овие измени се доставувани до Али Ахмети, Талат Џафери и трета адреса.

– Од кого?

Од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ“,

кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во понатамошниот дел од интервјуто, Николоски прочита дел од она што го пишува на трите страници кои ги сподели со нашата редакција, а ние ги споделуваме со читателите. Таму, меѓу другото, пишува дека носењето на измените на Кривичниот законик ќе ја релаксирало напнатоста во општеството како резултат на политичкиот прогон, како образложение зошто се предлага намалување на казните. Клучно, според Николоски, е тоа што предложените измени во документот од три страници (од уесбето) кореспондираат со она што го предложи Владата, а експресно го усвои Собранието.

Но, како јавноста да биде уверена дека тие три листа хартија и уесбето се од Никола Груевски?

Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

360°: Логичното прашање што се наметнува е како да Ви веруваме дека ова е автенично и точно? Бидејќи секој може да земе уесбе од некаде. Ова е текст работен во „ворд“, така? Може да биде составен на кој било компјутер. Како да Ви веруваме дека ова е автентично?

Николоски: Видете, прво ако одиме форензички, ако сакате на тој начин да ги гледаме работите, на ова уесбе има јасна трага кој е креатор на текстот. Оние кои се поупатени во компјутерите знаат како се остава трага и таа трага е оставена на ова уесбе.

360°: Може ли јас мојот компјутер да го крстам Никола Груевски?

Николоски: Не може. Има „ај-пи“ (IP) адреси, не се прави тоа така. Тоа е едното. Второто, самото тоа што овој текст, а ние овој текст го имавме пред да се случат измените на Кривичниот законик, речиси целосно одговара на тоа што помина како измени во КЗ, јасно говори дека или имало комуникација или, пак, дека се размислувало исто. Ама, ќе дозволите дека до збор исто да се размислувало е преголема коинциденција.

Според Николоски, активностите на Никола Груевски траат околу година и половина, а добиле на интензитет од февруари годинава. Комуникацијата со него ја поттикнале, пред сè, од политичката партија ДУИ, а потоа и СДСМ. Првично, според Николоски, планот бил да се привлечат пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои би гласале за уставните измени.

Откако таа варијанта не успеала, акцијата се одвива со цел да се ослабне резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, вели потпретседателот на опозициската партија. Според Николоски, сите биле свесни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои најмногу пратеници на изборите, но дека се прави обид резултатот да биде таков за да не може сама да прави влада. Во такво сценарио, според Николоски, тие би биле уценувани – дали за уставни измени, дали за ДУИ да продолжеле да владеат како досега или за нешто друго.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лоренс Шер, кинематограферот на „Џокер“: Платформата Шотдек е славење на филмовите

Следно

Измените на Кривичниот законик, политички пазар – ништо не придонесуваат за реформите во судството, уште помалку за европските

Latest from Blog

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова

Во земјава се одбележува 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје.  Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот

Игор Стефановски-Иџе ја брка третата победа на „Рампа да Фалпера“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, овој викенд ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага. По првите две трки во
Go toTop