(ВИДЕО) Агелер по ставањето на Камчев на ,,црната листа”: Ние нема да апсиме, но интересно е да се видат следните чекори

July 20, 2023
2 mins read

Откако вчера САД го ставија на „црната листа“ бизнисменот Орце Камчев, денеска американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека во моментов има повеќе личности и организации што се разгледуваат, но не може да каже кој ќе биде следен

Агелер потенцира дека е интересно да се видат наредните чекори, алудирајќи на домашните институции, и рече дека доказите против личностите ставени на „црната листа“ се собрани во земјава

Анџела Агелер – амбасадорка на САД во Северна Македонија
Фото: „360 степени“

За Северна Македонија да ги надмине предизвиците кои се пред неа, корупцијата не смее туку така да минува. Одговорните мора да одговараат. Ова го изјави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на денешната прес-конференција на која зборуваше за одлуката американското Министерство за финансии – бизнисменот Јордан (Орце) Камчев да го стави на „црната листа“ на САД.

„Злоупотребата на законот, позицијата, перењето пари, подмитувања и други прекршоци во кои учествувал Орце Камчев, не само што ја еродираат довербата на јавноста во судскиот систем на Северна Македонија, туку и претставува значајно предавство на граѓаните на оваа земја. Јавноста заслужува институции на кои може да им се верува дека ќе ги следат демократските ведности со транспарентност и без компромис. За Северна Македонија да ги надмине предизвициите што следат и да ја исполни целта за просперитетна, продуктивна и ценета членка на ЕУ, коруцппијата не може туку така да минува. Корумпираните мора и ќе одговараат како што ова назначување и покажува“,

рече амбасадорката Агелер.

Таа потенцира дека ваквите чекори, прво за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, а сега и за Камчев, не се лично или политички мотивирани.

„Не можам да кажам која личност би била следна. Ова е многу сериозно назначување. Има повеќе личности и организации кои во секој момент се разгледуваат“,

рече Агелер.

За влијанието што го има американската „црна листа“, амбасадорката коментираше дека САД нема да дојдат и да уапсат некого или, пак, да преземат мерки против одредена личност, но рече дека е интересно да се видат наредните чекори, алудирајќи на домашните институции.

Фото: „360 степени“

„Не е на мене, како амбасадорка на САД во Скопје, да ѝ кажам на која било институција што таа, како продолжение, треба да направи. Нотирам, како што тоа и други го направиле, дека ние бевме во можност да најдеме доволно докази, да утврдиме дека овие лица се одговорни, да ги повикаме на одговорност, и тоа го направивме преку собирање информации овде, во оваа земја… Не станува збор за информации што сме ги собрале во Вашингтон, што значи дека информациите биле достапни. Соработувавме со домашните институции за да ги развиеме овие случаи, исто како и нашите колеги во Вашингтон… И, како, кога и дали ќе се реши да се проследат овие случаи зависи од домашните институции. Ние нема да дојдеме во Северна Македонија и некого да апсиме, или да почнеме случај против некого, но интересно е да се види кои и какви чекори ќе следат“,

рече таа.

Агелер порача дека корупцијата, во каква било форма, не треба да се толерира, а одлуките што би можеле да следат од правосудните органи и други институции зависат од нив самите. Таа се надева дека и граѓаните ќе бараат интегритет од луѓето кои имаат влијание.

„Се надевам дека неодамнешните чекори на Вашингтон јасно покажаа САД можат и ќе продолжат да ги користат сите и кои било алатки кои ги имаат на располагање за да ги повикаат на одговорност оние лица и организации чии криминални активности ја поткопуваат безбедноста, стабилноста и вредностите на владеење на Република Северна Македонија, без оглед на нивната позиција, политичка припадност или времето на злоупотребите“,

вели амбасадорката.

Инаку, бизнисменот Камчев од вчера е на „црната листа“ на САД поради корупција. Нарекувајќи го „корумпиран бизнисмен“, американското Министерството за финансии ја нагласува посветеноста на САД да промовира одговорност за сите поединци и фирми кои „ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување“.

Американските власти сметаат дека Камчев интензивно се занимава со корупција повеќе од една деценија, како и дека го искористил своето богатство и коруптивно влијание за да манипулира со судскиот систем во Северна Македонија нагласувајќи го тука тоа што со неговото коруптивно однесување придонел за колапсот на СЈО.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ирак побара амбасадорката на Шведска да ја напушти земјата

Следно

Во Бугарија се празнува Илинден, опозицијата ја обвини власта за попустливост кон С Македонија

Latest from Blog

Кој и зошто и подметна БУГАРСКО ЗНАМЕ на Цеца на концеротот во Велес?

Концертот на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, што се одржа вчера во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, заврши со инцидент кој предизвика бурни реакции во публиката. За време на настапот Цеца во

Европските демократи со студентите кои бараат одговори за трагедијата во Нови Сад

Европските демократи објавија дека се со милионите студенти кои денеска ќе излезат на улица за да ги постават прашањата „од кои се плаши системот“, имено кој дозволи пад на настрешницата на железничката

Дрон предизвика доцнења и пренасочувања на летови на аеродромот во Берлин

ДРОН забележан во близина на аеродромот во Берлин во петокот вечерта предизвика доцнења и пренасочувања на летови, соопштија властите. Летовите до Базел, Осло и Барселона беа приземјени, додека летот од Лондон до
Go toTop