Вевчани повторно во групата 100 најуспешни зелени дестинации во светот

October 18, 2024
1 min read

Општина Вевчани повторно се пласира во групата на 100 најуспешни дестинации во светот во конкуренција од над 200 апликанти, кои развиваат и практикуваат одржлив туризам на повисоко ниво.

Годинава, како што појасни градоначалникот Спасе Кочовски, се разгледувале 15 критериуми, а во следната фаза ќе бидат земени во предвид уште 15 нови, за искачување на повисоко ниво.

– Процесот продолжува додека конечно не добиеме сертификат, односно да станеме зелена дестинација во светот, истакна Кочовски.

Во оваа фаза, појасни, Општината покажала дека се грижи за природата, има соработка со локалната заедница, бизнисот, невладиниот сектор, ја зачувува културата и традицијата, се грижи за здравјето и безбедсноста на населението, управува со отпадот, го промовира туризмот и воведува одржливи пракитики.

– Ваквите признанија се плод на посветената работа на Општината, соработката со угостителите во Вевчани, како и со сите граѓански организации и локални жители, кои со своето дејствување допринесуваат кон поубаво Вевчани, со што општината е една од најпосакуваните дестинации во Македонија, нагласи Кочовски.

Во наредниот период, додаде, треба да исполнат критериуми за соработка со локалните производители за производство на здрава храна и нејзино послужување во рестораните, користење зелена енергија од фотоволтаици, изградба на енергетски ефикасни објекти…

– Ствањето на светската мапа за зелени дестинации ќе значи поголема промоција на Вевчани во светски рамки, ќе има економси бенефит за населението, отворање повеќе работни места во угостителството и сместувачките кпацитети. Тоа ќе биде дополнителна обврска за населението да се грижи за животната средина и да не ја загадува околината, воздухот и водата, рече градоначалникот.

Во изборот за 2024 година, Општината аплицираше со проектот „Вевчани зелено – Патување низ природата“, додека во првата фаза пред две години со проектот за развој на одржлив туризам „Vevcani Green”.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зиркзе го напушта „Олд Трафорд“ во јануари?

Следно

Подобра грижа за пациентите со цистична фиброза: Делегација на Вертекс на средба со претставници на ФЗОМ

Latest from Blog

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа

Тоневски: Нашите рудари се симбол на трудот, истрајноста и посветеноста

По повод 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, Денот на рударите и Денот на Општина Пробиштип, вчера во кино-салата се одржа Свечена седница на Општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски,
Go toTop