Ветерните турбини произведени во Туркије ќе бидат достапни на пазарот за две години

April 13, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот „Калјон холдинг“ и турската компанија „Аселсан“ начелно се договорија локално да произведуваат турбини за ветерна енергија, објави денес челникот на „Калјон холдинг“, јавува Анадолу.

Во разговор за Анадолу, Џемал Калјонџу потврди дека турбините од турско производство ќе бидат готови за две години за проектите за ветерна енергија на „Калјон“ во рамките на проектите на Зоната на обновливи извори на енергија (YEKA) низ целата земја.

Проектите на Зоната на обновливи извори на енергија (YEKA) им овозможуваат на турските инвеститори и конзорциуми да инвестираат во домашното производство на опрема и големи капацитети за производство на електрична енергија.

Во последниве години, овие проекти беа главните двигатели на растот на обновливите извори на енергија, и во однос на развојот на технологијата, производството на опрема и производството на електрична енергија.

Првата интегрирана фабрика за производство на соларни прачки, вафери, модули, ќелии во Туркије, основана од компанијата „Кајлон“ за технологии за соларна енергија, започна со производство на 19 август 2020 година.

По успешното производство на висококвалитетни соларни панели, Калјонџу рече дека имаат намера да следат сличен пат за да успеат во производството на турски, висококвалитетни ветерни турбини.

Вкупно три одделни фабрики ќе бидат изградени во текот на наредните две години наменети исклучиво само за производство на опрема за добивање ветерна енергија.

„Наша цел е да произведуваме ветерни турбини со 70 отсто локални компоненти“, рече тој.

Во главниот град Анкара во соработка со Аселсан ќе се произведуваат менувачи за ветерни турбини, а другите делови од опремата ќе се произведуваат во фабриките во Измир и Истанбул.

Како дел од националниот план за енергија на Владата за исполнување на целите на земјата за нето-нулта емисија за 2053 година, обновливата енергија во Туркије, која имаше 16,7 отсто удел во потрошувачката на примарна енергија во 2020 година, цели на зголемување на 23,7 отсто до 2035 година.

Планот е и зголемување на инсталираниот капацитет на електрична енергија од 95.900 MW во 2020 година на 189.700 MW до 2035 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Уапсен дилер од Скопје баран со потерница

Следно

Портпаролот на Кремљ, Песков: Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО

Latest from Blog

Поранешниот голман на Арсенал го купува славниот клуб од Минхен и ќе гради нов стадион

фото: Sky Sports UK (X) Поранешниот голман на Арсенал и на германската репрезентација, Јенс Леман, ќе стане ко-сопственик на германскиот третолигаш Минхен 1860, објави „Абендцајтунг“. Според изворот, поранешниот голман е сериозно решен

Пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави Доналд Трамп на Truth Social. Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека конзервативниот активист Чарли Кирк почина откако беше застрелан на настан во

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв

Цела Куба без струја по петти пат за една година

Уште еден општ прекин на електричната енергија ја погоди Куба денес, петти за помалку од една година, доведувајќи ја економијата во застој и нарушувајќи го животот на нејзините жители. „Имаше целосен прекин
Go toTop