Весна Писаровиќ прв пат ќе гостува во Македонија

November 10, 2025
1 min read

Една од најголемите хрватски поп ѕвезди Весна Писаровиќ конечно доаѓа во Македонија! На 28 март 2026 година, сцената на Филхармонија во Скопје ќе биде местото каде што препознатливиот глас што ги одбележа 2000-тите години ќе одекне со својата полна сила, во вечер исполнета со емоции, носталгија и врвна музика.

Во организација на Евентум продукција, македонската публика конечно ќе има можност да ја види и слушне во живо хрватската пејачка која со своите безвременски хитови како „Да знаш“, „Јутро доноси крај“ и „Сасвим сигурна“ стана симбол на една ера и остави неизбришлива трага на регионалната музичка сцена. Македонската публика ја памети и по дуетот кој го сними со Владо Јаневски за хрватската верзија на евергринот „Љубовта е моја религија“.

Весна по неколку години музичка пауза и живот во Берлин, каде што се посвети на џез музиката и настапуваше на престижни европски сцени, се враќа на поп сцената посилна од кога било, со нова енергија и звук што совршено го спојува нејзиниот препознатлив емоционален израз со свежи музички влијанија.

Во Скопје ќе ја слушнеме во најдоброто нејзино издание – со спој на нејзините големи хитови и нови изведби што ќе ја воодушеват публиката и ќе ја потсетат зошто нејзината музика сè уште живее во срцата на сите генерации.

„Многу сум возбудена што конечно ќе пеам во Скопје! Македонија отсекогаш била земја со прекрасна публика и голема љубов кон музиката. Верувам дека оваа вечер ќе биде посебна – исполнета со емоции, спомени и топлина. Едвај чекам да се сретнеме и да ги отпееме песните кои нѐ поврзаа сите овие години“, вели Весна Писаровиќ, најавувајќи настап што ќе биде едно од најемотивните музички доживувања во 2026 година.

Концертот на Весна Писаровиќ во Скопје е повеќе од настан – тоа е средба со спомените, музиката и времето кога секоја песна носеше своја приказна. Затоа, подгответе се за вечер која ќе ги разбуди сите сетила и ќе ја запише 2026 година како година на големото враќање на еден од најубавите гласови на Балканот. Билетите за концертот се веќе во продажба преку www.sountix.com.

Не ја пропуштајте оваа единствена можност – Весна Писаровиќ конечно доаѓа во Скопје, а нејзиниот концерт ветува магија што ќе се памети долго.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ватикан поведе истрага против шпански бискуп обвинет за педофилија

Следно

Коњановски во Битола ќе ги намалува управните одбори во јавните претпријатија

Latest from Blog

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат

Македонската берза ја заврши неделата во минус: МБИ10 падна на 9.006,70 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.006,70 поени. Во однос

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот
Go toTop