Весело беше синоќа во центарот на Скопје за дочекот на новата 2024 година

January 1, 2024
1 min read

Весело синоќа се дочекуваше Новата година на главниот плоштад „Македонија“. Со музика, но без огномет. 

– Средствата кои вообичаено се издвојуваат за ваков спектакл овојпат ќе одат во хуманитарни цели, а прославата може да мине со музика, соопштија од Град Скопје. 

Инаку скопјани и гостите во градот се забавуваа со неколкучасовна музичка програма за сите генерации и вкусови. 

Комората на музичка индустрија во соработка со Град Скопје организираа новогодишна програма која започна во 20 часот, а траеше се до после полноќ. 

И по лудата ноќ музичка програма ќе има до 7 јануари. 

– Нека новата 2024 година биде посреќна, повесела и побериќетна од претходната. Новата година значи и нов почеток. Почеток и стремеж кон подобро утре со повеќе добри дела и љубов за секого. Нека ни е среќна Новата 2024 година! – се наведува во празничната честитка од Град Скопје. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прво па машко за 2024 година, првото бебе се роди на ГАК

Следно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Огнометите ширум светот за дочекот на 2024 година

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop