„Верувам дека Марадоа е убиен“, рече Мадуро, претседателот на Венецуела

April 7, 2024
1 min read

БОГОТА (АА) – Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека има теза во врска со смртта на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона и дека верува дека тој е убиен, пренесува Анадолу.

Како гостин во програмата „Maduro Podcast“ на стадионот „Monumental“ во главниот град Каракас, тврдејќи дека сѐ е планирано со цел фашизмот да дојде на власт во Аргентина, Мадуро рече:

„Имам теза за неговата смрт. Верувам дека Марадона е убиен. Ден пред неговата смрт разговарав со него по повод неговиот 60-ти роденден и му реков ‘Диего, дојди во Венецуела, ние ќе се грижиме за тебе тука’“.

Наведувајќи дека Марадона со него споделил загриженост за животот, Мадуро додаде: „Во претходниот разговор му реков ‘Чувај се Диего. Види, има многу лоши луѓе, фашистите нема да те остават на мира бидејќи ти си гласот кој се бунтува против неправдата. Рече работи што никој немаше храброст да ги каже“.

Потсетувајќи на обидот за атентат на поранешната претседателка Кристина Киршнер, Мадуро рече: „Организираа операција за да стават точка на симболите на Аргентина. Прво го докрајчија Диего, сигурен сум во тоа. Потоа сакаа да ѝ стават крај и на Кристина. Сакаа да ја убијат во директен пренос.“

Критикувајќи го аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, Мадуро рече: „Не можам, а да не кажам една работа, фашизмот и ционизмот дојдоа на власт во Аргентина со Милеј. Тој ми рече ‘Ќе сторам сѐ да осигурам дека Венецуела ќе биде предмет на санкции, опколена и поразена.’“

Претседателот Мадуро рече дека верува дека вистината за Марадона ќе се открие еден ден и дека е сигурен дека фашизмот во Аргентина повторно ќе биде поразен.

Светски познатиот легендарен фудбалер Марадона почина од последици на срцева слабост и белодробен едем на 25. ноември 2020 година во Тигре, во аргентинската покраина Буенос Аирес.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Османи- Ако сака Влада, ВМРО-ДПМНЕ мора да се согласи на уставни измени

Следно

Пелегрини е новиот претседател на Словачка откако победи на изборите

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop