Верниците од денеска ќе можат да го посетат гробот на папата Франциск

April 27, 2025
1 min read

Од денеска гробницата на папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан.

Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера во гробница одвоена помеѓу две капели во римската базилика, по церемонија на жалост одржана во Ватикан. Церемонијата на поставување на ковчегот траеше околу половина час.

На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на Папата беше пречекан со ѕвона.

Пред таа базилика, која се наоѓа на околу шест километри од Ватикан, телото на Папата го пречекаа 40 припадници на маргинализирани групи, за кои тој особено се залагаше за време на службата, вклучувајќи мигранти, бездомници, затвореници и трансродови лица.

Претходно, по мисата на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, папамобилот со ковчегот помина низ улиците на Рим, при што насобраната маса луѓе се збогуваше со поглаварот на Римокатоличката црква.

На мисата во Ватикан, според официјалните податоци од Ватикан, присуствуваа околу 250.000 луѓе, како и 170 странски делегации. Меѓу нив имаше шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. Подоцна, италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози изјави дека најмалку 400.000 луѓе присуствувале на погребот на папата Франциск, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим.

Целиот настан го следеа околу 2.700 акредитирани новинари.

Во историјата на Светата столица, неколку папи биле погребани во слични гробници надвор од Ватикан, вклучувајќи го Григориј XII во Реканати, Бенедикт XII и Јован XXII во Авињон, и Григориј X во Арецо. Последниот папа што бил погребан на овој начин надвор од Ватикан бил Лав XIII, кој починал во 1903 година и е погребан во базиликата Сан Џовани во Латерано во Рим.

Гробниците на папите се дел од црковното и културното наследство.

Папата Франциск побара да биде погребан во римската базилика Санта Марија Маџоре, каде што се наоѓа познатата византиска икона на Богородица, пред која имал навика да се моли пред и по секое апостолско патување.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Вкупно 1 666 повици на 112 во последното деноноќие

Следно

Ѓорѓиев: Работата на македонско-бугарската историска комисија е најдобро да биде замрзната

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop