Верификувани мандататите на новите пратеници, дополнувањето на Законот за енергетика дадено на натамошна постапка

June 25, 2024
1 min read

Собранието денеска го даде на натамошна постапка предлогот за измени на Законот за енергетика, чија целе е намалување на цената на струјата од 1 јули. За законот ќе расправа матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика која ќе заседава во 17: 30 часот, а потоа и Законодавно правната комисија. Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска рече дека продолжението на осмата собраниска седница на која треба да биде донесен законот ќе биде дополнително закажано.  

Предлагачи на предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка се Бојан Стојаноски, Изет Меџити, Љупчо Пренџов, Марија Митева, Мимоза Муса, Силвана Ангелевска, Тони Јаревски. Стојаноски пред пратениците објасни зашто го поднеле овој предлог и кои се бенефициите за граѓаните од него. Тој, меѓу другото, нагласи дека лично смета оти пратениците веднаш треба да ги донесат измените на овој закон. Според него, со тоа ќе се заштитат граѓаните и ќе нема ценовни шокови за нив. Стојаноски повика да се направи денеска, како што рече, „добра работа за македонското општество“.

Со законот предвидено е во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Како што беше појаснето, со поднесениот предлог, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 отсто.

На собраниската седница беа верификувани и мандатите на Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева, како и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но и Фериде Хаџиу и Каљтрина Беќири од коалицијата Вреди. 

Новите пратеници доаѓаат на местата на Мицкоски и на министрите Гордана Димитриеска Кочоска, Љупчо Димоски, Изет Меџити, Владо Мисајловски, Иван Стоиљковиќ, Александар Николоски и на Фатмир Лимани. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Детето Буда осуден поради сексуална злоупотреба на деца

Следно

Ѓоковиќ: Не дојдов на Вимблдон само за да одиграм неколку кола

Latest from Blog

Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика на трансатлантски форум во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе присуствува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина, Грција, по официјална покана од американскиот секретар

Шведска воведува затвор за 13-годишници

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на возраста за кривична одговорност за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот

Проданоски: Почит кон културното наследство на Прилеп – ѕвезда на Коста Смилески

Синоќа во Прилеп, заедно со членовите на семејството на Коста Смилески, беше откриена ѕвездата на патеката на познатите прилепчани, посветена на еден од најзначајните музички дејци на градот и македонската култура. Коста
Go toTop