Венко Филипче отворен за соработка и заеднички кандидат со ВМРО-ДПМНЕ во некои општини за локалните избори

March 6, 2025
1 min read

До 20-ти март СДСМ ќе ги селектира кандидатите кои ќе одат на анкети за претстојните локални избори. Лидерот на СДСМ Венко Филипче не ја исклучува можноста за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во некои општини да настапат со заеднички кандидат.

„Ние не сме имале разговори ниту средби, иако има одредени повици од премиерот од негови коалициони партнери има и одговор од наша страна дека сметаме дека постојат ситуации и теми за кои е потребно да се седне и во парламентот да се разговара за одредени теми од национален интерес, ние таква соработка за локално ниво досега сме немале. Но јас сум отворен за буквално сите можни коалициони комбинаторики кои ќе донесат бенефит за граѓаните“, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 телевизија.

Меѓу кандидатите за градоначалници според моменталното размислување на СДСМ, може да има независни кандидати.

„Ние за секоја општина ќе правиме различна стратегија во коалицирањето. Може да поддржиме и независни кандидати со кои споделуваме еднакви политики, со цел да обединиме што повеќе луѓе кои би гласале за добри кадри“, додаде Филипче.

Инаку во 2013 година имаше коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори и заеднички кандидат за градоначакник во Струга и Кичево, но и двајцата завршија без успех.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на хрватскиот Сабор, Јандроковиќ го посети македонското Собрание

Следно

Трипуновски: Со низа мерки привлекуваме млади земјоделци, работиме на подобрување на условите

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop