ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ СО ПОДДРШКА И СОЛИДАРНОСТ ЗА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ ПРОТИВ ПРОГОНОТ ВРЗ НЕГО ЗАТОА ШТО УКАЖАЛ НА КОРУПЦИЈА

August 8, 2023
3 mins read

Со писмо објавено на официјалната веб страна, Венецискиот филмски фестивал изрази поддршка за македонскиот режисер Милчо Манчевски против политичкиот прогон врз него како укажувач на корупција во Македонија. Писмото на најстариот фестивал во светот, чиј лауреат е и Манчевски, е потпишано од директорот Алберто Барбера и претседателите на двете италијански здруженија на филмските автори, Франческо Раниери Мартиноти на здружението „АНАК-Аутори“ (ANAC-Autori) и Франческа Коменини на „Ченто Аутори“ (Cento Autori). Ова е редок гест на една од најреномираните институции во светот.

„Исклучително ни е жал што слушаме дека се соочувате со масовна политичка кампања на клевети, лични закани и политичка и професионална црна листа. Потписниците на ова писмо – кое ја покажува загриженоста што ја делат Венецискиот филмски фестивал и двете италијански здруженија кои ги претставуваат авторите и филмаџиите на нашата земја: ANAC-Autori и Cento Autori – сакаат да ви ја изразат нашата безусловна солидарност“, велат во писмото Барбера и колегите и продолжуваат:

„Ја знаеме и цениме вашата работа како уметник, која секогаш се одликува со критериуми на апсолутна етичка и морална коректност, на експресивна доследност поттикната од силно чувство на општествена одговорност и интелектуална чесност. Уште од вашиот прв филм „Пред дождот“, кој го освои Златниот лав за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Венеција во 1994 година, и кој помогна целиот свет да дознае за постоењето и квалитетот на кинематографијата во Северна Македонија. А потоа, преку вашите подоцнежни дела, меѓу кои и оние создадени надвор од вашата матична земја, со постојана цел да се вратите таму еден ден (како што и сторивте), да помогнете во зајакнувањето на филмската индустрија која сè уште има потреба од поддршка за да продолжи да расте. Затоа уште повеќе се чудиме што вашето храбро осудување на неправилностите направени од агенцијата одговорна за поддршка на македонската кинематографија беше проследено со неверојатна кампања на прогон и континуирано непријателство од страна на агенцијата чие недолично однесување, згора на сè, беше потврдено. Искрено се надеваме дека претстојното објавување на резултатите од новата истрага спроведена од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), конечно ќе ја расветли целата ситуација и ќе стави крај на прогонот што го претрпевте досега“, велат  Барбера, Мартиноти и Коменчини во писмото до Манчевски.

Пирнтскрин од писмото со поддршка до Манчевски од Венецискиот филмски фестивал објавено на официјалната веб страна

Поддршката на најстариот фестивал на светот доаѓа по повеќемесечната хајка против Манчевски, затоа што тој укажа на корупција во владината агенција. Хајката ја водеа раководствата на Агенцијата за филм и ДФРМ.

За поддршката од Венецискиот фестивал Манчевски, во изјавата што ја соопшти „Банана филм“ вели: „Просто ми е непријатно што дури и една Венеција сега се бави со корупцијата и политичкиот прогон во Македонија. Корупцијата, местењето конкурси и крадењето треба да запрат во Агенцијата за филм и во ДФРМ. Не сум единствен кој очекува дека Владата и Обвинителството доблесно ќе постапат“.

Откако „Банана филм“ на Манчевски ја пријави Агенцијата за филм за корупција, раководството на Агенцијата ја блокираше својата поддршка за проектите на Манчевски, завршениот „Кајмак“ и новиот „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“) и поднесе кривична пријава против „Банана филм“ со лажни наводи за неправилности во работата. Дека наводите се лажни потврди и инспекцискиот надзор на Министерството за култура.

„Ниедна државна институција ниту инспекција досега не утврди неправилности во ‘Банана филм’. И самиот Манчевски, изминативе неколку години со пријави до надлежните институции укажал на корупција во Агенцијата за филм“, велат од „Банана филм“.

На крајот на мај, Државниот завод за ревизија даде негативен извештај за работата на Агенцијата за филм и ДФРМ, а свој случај за работата на Агенцијата и на ДФРМ отвори и Антикорупциската комисија.  По негативниот извештај на ДЗР за работата на Агенцијата, и Транспаренси интернешнл објави нова анализа на работењето на Агенцијата, во која меѓу другото констатира дека станува збор за незаконска освета кон лице кое пријавило корупција.

На крајот на јули, Управниот суд го прифати барањето на „Банана филм“ да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм и пресуди дека Агенцијата не смее да ги стопира проектите.  Од „Банана филм“ велат дека Агенцијата сѐ уште не постапила според одлуката на Управниот суд.

Манчевски е дел од славната историја на Венецискиот фестивал: во 1994 година „Пред дождот“ го освои Златниот лав, во 2001 година „Прашина“ го отвори фестивалот, а во 2013 година по повод 70 роденден на фестивалот, Манчевски беше поканет во екипата режисери да сними краток филм и „Четврток“ беше дел од таа селекција. Манчевски во 2012 беше и во жирито во венециската програма Хоризонти.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Грчка полиција: Навивачите на Динамо Загреб имаа соработници грчки навивачи

Следно

Фантастичната интеракција меѓу Манова и Пикајзен одекна кај присутните, оставајќи потпис со фестивалско наследство

Latest from Blog

Лазаров синдром: Докторите го прогласиле за мртов, се разбудил по 30 минути и ги шокирал сите

Мажот доживеал два срцева удари и покрај повторените обиди за реанимација, не покажал знаци на живот, па медицинските лица решиле да го прогласат за мртов и да ги повикаат погребалните служби, објавува

ЛШ: Лудило во Торино за 4:4, Реал со два пенали до победа, историска сензација на Карабах (ВИДЕО)

Со два гола од белата точка на Мбапе, Реал Мадрид го доби дербито на вечерта во Лигата на шампионите против екипата на Олимпик Марсеј на „Сантијаго Бернабеу“. „Кралевите“ славеа со 2:1 во

Муцунски ги пречека Престон Лајонс – промотори на македонската култура и традиција

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски му посака Добредојде на фудбалскиот клуб од Австралија – Престон Лајонс. -Вечерва во Скопје имав чест, веднаш по слетувањето, да го пречекам тимот на Престон Лајонс

ФИФА ќе им исплати 355 милиони долари на клубовите кои имаат репрезентативци во квалификациите за СП 2026

ФОТО: FIFA.COM Секој клуб што има свои играчи во националните тимови за квалификациските натпревари и за Светското првенство ќе добие финансиска компензација од фонд вреден 355 милиони долари, што е дел од
Go toTop