Велковски: Наша обврска е да се грижиме за бездомните лица

October 17, 2024
1 min read

Во рамките на македонско-австриската соработка, на 17 и 18 октомври 2024 година во Скопје се одржува дводневна работилница со цел размена на искуства за услуги за бездомни лица/лица без сопствен дом.

Воведни обраќања на работилницата имаа заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и австрискиот аташе за социјални прашања, Харалд Фугер.

На почетокот од своето обраќање, Велковски искажа благодарност до аташето Фугер и до Сојузното Министерство за социјална политика, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија за повеќегодишната интензивна соработка.

Говорејќи за бездомништвото во државата, заменик министерот Велковски посочи дека во досегашната пракса биле применети различни пристапи за решавање на овој комплексен проблем. Воедно, тој нотираше дека останува потребата од поголема вклученост и координација на повеќе ресори во насока на надминување на проблемите со кои се соочува оваа категорија на лица.

„Тука е пред сѐ здравствениот сектор со програми за ментално здравје на оваа категорија, станбениот сектор и достапноста на домови со субвенционирана станарина, како и образовниот сектор со достапни програми и начини за доквалификација и стекнување со неопходниот степен на образование за лицата кои го немаат”, рече Велковски.

Заменик министерот Велковски пред присутните ги наведе мерките за помош и поддршка на бездомните лица во системот за социјална заштита, како и активностите поврзани со развивање и давање социјални услуги од страна на општините за задоволување на потребите на најранливите категории на граѓани, вклучувајќи ги и бездомните лица. Исто така, беа спомнати и активните мерки и политики за вработување, како и социјалното претприемништво.

На крајот, Велковски заклучи:

„Има многу начини да се помогне во борбата против бездомништвото. Наша обврска е да изнаоѓаме одржливи и долгорочни решенија кои го зајакнуваат и гарантираат пристапот до основните социјални услуги, вклучувајќи го домувањето, вработувањето, образованието, здравствената и детската заштита. Наша должност е да се погрижиме секој човек во ризик повторно да си го заштити својот интегритет”.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разоткриена организирана криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога, истрага против 14 лица

Следно

Билансот на убиени во Газа достигна 42.438, израелските сили убија уште 29 Палестинци

Latest from Blog

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на

НА ПОВИДОК Е ДОГОВОР ЗА ОРМУНСКИОТ ТЕСНЕЦ – Американски функционер : Се отвара клучниот воден пат и се обновува извозот на нафта

На повидок е договор за Ормунскиот Теснец, кој наскоро би можел да овозможи повторно отворање на овој клучен воден пат и да го обнови извозот на нафта, прекинат за време на петмесечната

Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активни се два, а четири пожари се изгаснати. Активни: Општина Арачиново:

Божиновска: Создаваме решенија за енергетска сигурност што ќе траат со децении (ВИДЕО)

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека одлуките во енергетскиот сектор мора да се носат врз основа на факти, темелни анализи и стручно знаење. „Во енергетиката, секоја одлука

Пустец се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура

Жителите на Пустец продолжуваат да се соочуваат со недостаток на инвестиции во инфраструктура, сметајќи ја состојбата на патиштата како еден од најголемите проблеми што го попречуваат економскиот и туристичкиот развој на областа
Go toTop