Велика Британија воведува нови санкции против Русија

August 8, 2023
1 min read

Британија е насочена кон иранскиот производител на беспилотни летала „Паравар Парс“ и седум негови директори, кои се под санкции на САД од февруари, и две компании за извоз на микроелектроника со седиште во Турција

Велика Британија најави нова рунда санкции против поединци и странски компании кои ги снабдуваат руските сили со оружје и друга стока што и е потребна на Русија во нејзината војна во Украина. Санкциите на британското Министерство за надворешни работи ќе бидат насочени кон дополнителни 25 поединци и компании, од кои 22 се надвор од Русија. Ова особено се однесува на поединци и компании во Турција, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Белорусија.

Британија е насочена кон иранскиот производител на беспилотни летала „Паравар Парс“ и седум негови директори, кои се под санкции на САД од февруари, и две компании за извоз на микроелектроника со седиште во Турција.

На компаниите кои работат во Обединетото Кралство (ОК) со санкциите им беше забрането да основаат фондации или да склучуваат слични договори, а нивните средства беа замрзнати, вклучително и имотот кој го имаат во ОК.

Владата воведе санкции за голем број поединци, вклучително и за швајцарскиот државјанин Анселм Оскар Шмуцки, за давање финансиски услуги преку Дулак капитал Лтд. со седиште во Швајцарија. Словачкиот државјанин Ашот Мкртичев е санкциониран „за вмешаност во обид за склучување договор за испорака на оружје меѓу Северна Кореја и Русија“, се вели во соопштението за печатот на Форин офисот.

„Денешните санкции дополнително ќе го намалат рускиот арсенал и ќе ја затворат мрежата на синџири за снабдување кои ја поддржуваат одбранбената индустрија на претседателот Путин. Сите оние кои ја поддржуваат руската воена машина немаат каде да се сокријат“,

изјави британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Обединетото Кралство, кое е и главниот помагач на Украина во борбата против руската агресија, веќе санкционираше повеќе од 1 600 компании и поединци од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Енвер Беџети, апелацискиот судија од „Таргет– Тврдина” пресудувал и за казната на Ангелче Николов

Следно

УЕФА за идната недела ги одложи натпреварите меѓу АЕК и Динамо Загреб

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop