Вечерва започнува фестивалот Млад отворен театар – МОТ

November 15, 2024
1 min read

Со претставата „Хинкеман“, во режија на Тамара Стојаноска на независниот театар „Златен Елец“, вечерва во 20.00 во МКЦ се отвора 49 – то издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар – МОТ.

„Наградата „БИШ“ што ја добивме минатата година на 48.МОТ за претставата „Кенди“ нѝ отвори нови професионални шанси, гостувања на фестивали надвор од државата, запознавање со врвни театарски уметници и секако можност за работење на нова претстава за МОТ оваа година. Многу ми значи и ми е драго што текстот на Ернст Толер и приказната за Јуџин Хинкеман ќе има премиера токму на овој фестивал кој секогаш дава слобода и простор за разговарање на важни општествени теми и различни форми на театарско изразување. “ –  изјавува режисерката Тамара Стојаноска.

Значењето на МОТ за развојот на младите театарски сили и театарскиот живот воопшто, го потврдува и Стојаноска, „Многу од претставите што ги имам гледано на овој фестивал оставиле голем емотивен впечаток кај мене и инспирирана од духот на МОТ и времето во кое живееме се решив да го работам овој текст. Се работи за една приказна која е многу директна, искрена и на моменти сурова, како системот во кој сите ние преживуваме и преку една камерна форма се надеваме дека ќе се доближиме до публиката и ќе ја пренесеме пораката за ширење на емпатија и мир“ – вели таа.

Претставата „Хинкеман“ е работена според антивоената и експресионистичка драма (Der deutsche Hinkemann, 1923) на Ернст Толер, која е своевидно истражување на бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. Текстот е како огледало на нашето општество изградено на суровост, пари и предрасуди, а оние што се различни на кој било начин, секогаш, во кој било историски контекст се исмејувани или отфрлени од толпата. Хинкеман нè охрабрува да го видиме светот низ очите на оние што се маргинализирани и дискриминирани и дава порака за разбирање, емпатија и заедништво.

Во претставата играат: Бобан Алексоски, Талија Настова, Дритон Вејсели, Ане Блажовски, Леонида Гулевска и Бранко Михајлоски.

Млад отворен театар – МОТ, по вечерашната премиера ќе понуди  театарски претстави работилница и мастерклас, кои ќе се одвиваат на сцените на МКЦ, во Албанскиот театар и во приватна куќа од 15 до 21 ноември.

Целосната програма и распоред на фестивалот можат да се погледнат на официјалната страна на фестивалот mot.mk, а билетите можат да се набават преку билет сервисот на МКЦ bileti.mkc.mk.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ЃОРЕ МАГАРЕВСКИ ПРЕД 80 ГОДИНИ ГO МЕНУВАЛ ИМЕТО ЗА ПАРИ, А ДЕНЕС ЗА БУГАРСКИ ПАСОШ – 15 МИНУТИ АПЛАУЗ ЗА ПРЕТСТАВАТА ЗА 80 ГОДИНИ БИТОЛСКИ ТЕАТАР

Следно

Гоце, пријателот на таткото на Вања не дојде на денешното судење поради паничен напад

Latest from Blog

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

фото: Inter Xtra (X) Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Популарниот форум „Редит“ (Reddit) и платформата „Кикстартер“ (Kickstarter) се додадени на листата социјални мрежи коишто ќе бидат ограничени за лицата под 16 години во Австралија од 10 декември. Со ова, бројот на
Go toTop