Вечерва во 360° – Интервју со Касами: Заедничка влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е пропаганден трик на ДУИ

January 13, 2023
1 min read

Новото издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (13 јануари 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат

Во „360 степени“ гостува претседателот на партијата Движење Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами. Разговорот го водиме главно во првиот капацитет со кој го претставив нашиот гостин – како лидер на Беса. Касами беше единствениот поканет лидер на партија на Албанците што одби да присуствува на средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана. Објаснувањето беше дека ,,Груби и Ахмети уште еднаш се обидуваат да го искористат Рама затоа што не знаат како да излезат од калта во која заглавија”. Го прашуваме дали се уште мисли дека донел правилна одлука или станува збор за комплекс на помала вредност или суета. Тема се и јавните наводи за договарање на Заев и Мицкоски за избори на пролет и заедничка влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, по нив, како и идејата за широка предизборна коалиција на сите партии што го прифатија т.н. француски предлог.

Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Саботно џез-матине на Скопскиот џез фестивал

Следно

Нема докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е последица на напад, велат од „Амбер Грид“

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop