ВЕЧЕРВА СЕ ДОДЕЛУВААТ ОСКАРИ ПО 96. ПАТ, СЕ ОЧЕКУВА ГОЛЕМ ТРИУМФ НА „ОПЕНХАЈМЕР“

March 10, 2024
1 min read

Кога Холивуд ќе се собере вечерва на 96. доделување на Оскари многумина предвидуваат дека блокбастерот „Опенхајмер“ ќе ја растури конкуренцијата. Не само затоа што има најмногу номинации – 13, туку и зашто доминираше во досегашната сезона на награди. Оскарот за најдобар филм и за најдобра режија речиси сигурно завршуваат во рацете на Кристофер Нолан, сметаат аналитичарите.

Церемонијата во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ќе почне еден час порано од досега, а водител ќе биде Џими Кимел. Меѓу презентерите се најавени Ал Пачино, Џенифер Лоренс, Стивен Спилберг, Двејн Џонсон, Метју Меконахи, Николас Кејџ…

2023 беше голема година за филмската индустрија, ја обележа дуелот на „Опенхајмер“ и „Барби“, кои ги вратија луѓето во кината, но и штрајкот на актерите и сценаристите. Поради војните во Украина и Газа („20 дена во Мариупол“ е фаворит за најдобар долгометражен документарен филм) и годинашните претседателски избори во САД политиката веројатно ќе биде неизбежна тема вечерва.

Во актерските категории сезонава се прогласуваа главно истите имиња, но Пол Џамати би можел да го предизвика Килијан Марфи за најдобар актер, а Ема Стоун и Лили Гледстоун се рамноправни конкурентки за Оскарот за најдобра актерка. Гледстоун би можела да испише историја како првата актерка со домородно потекло која добила Оскар.

Првпат досега, два филма од неанглиско говорно подрачје се номинирани за Оскар за најдобар филм – „Анатомија на падот“ и „Зоната на интерес“.

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Голем пожар го зафати охридскиот градски пазар

Следно

Нова пауза поради повреда за Михаел Хансен

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop