Вечерва нови цени на горивата

February 16, 2026
1 min read

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.

Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.2.2025 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН бара ДУИ да иницира екстрадиција на Артaн Груби за да докаже дека вистински се бори против корупцијата

Следно

Во Русија и во повеќе од 20 други земји ќе се одбележи втората годишнина од смртта на Алексеј Навални

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Во некапацитетноста Филипче е докажан кадар, почнувајќи од корона периодот кога му починаа 10.000 граѓани, се до водењето на СДС што ја донесе до едвај 130.000 гласа

Венко Филипче, не се грижи за ништо друго освен да си ја зачува фотелјата во СДС, која впрочем и му ја чува на неговиот ментор, Зоран Заев. Филипче ниту го интересира стандардот

Зарем е можно: ФИФА сериозно размислува на СП 2030 да учествуваат 64 репрезентации!

ФОТО: FIFA.COM Ако првичните шпекулации ретко кој ги сфаќаше сериозн, сега веќе не е така. Имено чечниците на ФИФА сериозно размислуваат за големи промени во историјата на овој спорт. Станува збор за
Go toTop