Вчерашните инциденти ги направија хулигани од двете страни кои немаат врска со спортот, вели премиерот Ковачевски

July 28, 2023
1 min read

Никој не зборува кој фудбалер како играл, туку сите зборуваат кои се тие 10, 15, 20 хулигани коишто се тепале и меѓу себе, а повредиле и полицаец, вели премиерот Димитар Ковачевски

Димитар Ковачевски – премиер на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање денеска се осврна на вчерашните инциденти пред натпреварот меѓу фудбалските клубови Шкупи и Левски од Софија, кој се одржа на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.

Тој немаше информација дали Бугарија испратила протестна нота, но рече дека доколку дошло до тоа, Министерството за надворешни работи соодветно ќе одговори.

За него, инцидентите ги предизвикале хулигани кои немаат никаква врска со спортот.

„Тоа вчера беше резултат на хулигани и луѓе коишто немаат никаква врска со спортот, и од едната и од другата страна. Ако ги погледнете вестите на агрегаторите на вести, тогаш ќе видите сè освен колку бил резултатот на натпреварот. А, фудбалерите се дојдени да играат фудбал, заради вистинските навивачи. Тоа што вчера се случи беше уште еден доказ дека фудбалот и кој било друг спорт треба да се остават на спортистите и на вистинските навивачи, а не на хулигани кои ги преземаат сите вести и никој не зборува кој фудбалер како играл, туку сите зборуваат кои се тие 10, 15, 20 хулигани коишто се тепале и меѓу себе, и повредиле и полицаец чија повреда му е санирана и е пуштен на домашно лекување благодарение на лекарите“,

кажа Ковачевски по поставување камен-темелник на новиот објект на Полициската станица од општа надлежност Аеродром.

На истиот настан претходно, министерот Оливер Спасовски посочи дека бугарските навивачи, кои вчера организирано пристигнале на граничниот премин „Деве Баир“, добиле полициска придружба и во кордон биле донесени до стадионот во Скопје за да го проследат натпреварот.

Поради нереди што се случија на влегувањето во стадионот, полицијата уапсила 19 бугарски навивачи. Дополнително, полицијата привела и уште двајца од редовите на навивачката група на Шкупи.

Истата вечер во Чаир беше прободен бугарски државјанин. Спасовски кажа дека инцидентот со прободувањето на бугарски навивач се случил оти возилото неорганизирано поминало низ Чаир и оцени нападот е резултат на провокација. Напаѓачите се идентификувани.

Првичните сознанија на обвинителството, пак, се дека локалните жители вклучени во инцидентот не се дел од навивачка група.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украинските тенкови работат на руска нафта

Следно

Колумбиска фудбалерка колабираше за време на тренинг на Мундијалот

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop