Вчера делумен бојкот – граѓаните бојкотираа, но прометот поголем од пред една недела

February 8, 2025
1 min read

Дали во петокот 07. февруари имаше делумен или голем бојкот на маркетите. Според податоците на Управата за јавни приходи граѓаните вчера пазареле далеку повеќе отколку седум дена претходно, кога за првпат се реализираше повикот за бојкот на маркетите. Бојкотите од страна на огромен дел од граѓаните се поради високите цени на производите, пред се прехранбените. Во бројки, вчера прометот во маркетите бил за над милион евра поголем од пред една недела. Во проценти ова значи дека вчера прометот бил за скоро 37 насто поголем од претходниот петок.

31 јануари 2025 (петок): 1,858,428.73 евра

07 февруари 2025 (петок): 2,947,778 евра           +36,95%

Од Управата за јавни приходи посочуваат дека при анализите на бројките треба да се биде внимателен.

„При споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот односно деновите 31.01 и петок 07.02.2025 година треба да се имаат предвид различните фактори кои можат да влијаат на потрошувачките навики. Еден од тие фактори е тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување.“, велат од УЈП.

Сепак, ако се направат споредби на падот на прометот во петоците во однос на четвртоците, ќе се види дека вчера далеку помалку граѓани бојкотирале. Бројките покажуваат дека на 31. јануари граѓаните во осумте најголеми ланци на маркети испазариле скорo 1,6 милиони евра помалку во споредба со еден ден претходно или 46,29 отсто, додека вчера во споредба со четвртокот 06. февруари прометот бил помал за над 800 илјади евра или за 22,12 отсто.

30 јануари 2025 (четврток): 3,459,872 евра

31 јануари 2025 (петок): 1,858,428 евра  – 46,29%

06. февруари 2025 (четврток): 3,785,232 евра

07. февруари 2025 (петок): 2,947,778 евра – 22,12%

Повиците за бојкот најдоа на разбирање кај политичарите, но не предизвикаа реакција и акција кон маркетите за да се влијае врз цените, пред се на прехранбените производи. Засега министерството за економија и Владата ги анализира податоците од Државниот пазарен инспекторат како се формираат цените и дали има големи профити. Маркетите пак, преку Сојузот на стопански комори тврдат дека тие работата со мали профити и дека главната причина за високите цени се производителите и дистрибутерите.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ притиска: Попов без возачка и пијан направил тешка сообраќајка, а наместо затвор платил 500 евра

Следно

Росица Кулакова: Правда за Фросина, коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.
Go toTop