Важни совети да го подобрите вашето здравје пред забременување

October 13, 2023
2 mins read

реклама

Период на преконцепција или пред зачнување

Преконцепциско здравје, претставува и репродуктивното и севкупното здравје на жената пред да забремени. Имено, означува како одредени здравствени состојби може да влијаат на забременувањето, а понатаму и на самата бременост и како превземање на одредени чекори водат кон подобрување на истото, а се со цел за здраво потомство.

реклама

Зошто преконцепциското здравје е важно?

Секоја жена треба да се грижи за своето здравје , без разлика дали планира бременост или не. Со оглед на податоците дека речиси половина од бременостите се непланирани, истите се со поголем ризик за предвремено породување и новороденчиња со ниска родилна тежина. Важен податок е дека и покрај значителниот напредок во медицината и пренаталната грижа , сепак 1 од 10 бебиња се раѓа предвремено. Научните докази покажуваат дека достапноста на висококвалитетна преконцепциска грижа значително придонесува кон идентификување на понатамошните ризици во бременост и кон намалување на перинаталниот морбидитет и морталитет.

реклама

5 важни совети да го подобрите вашето здравје пред забременување

*најмалку 3 месеци пред да забремените треба:

реклама

  • Суплеметација со фолна киселина од 400 mcg секој ден, со цел да се намали ризикот за одредени дефекти кај плодот. Зборувајте со гинеколог за индивидуалните потреби по однос на дозата, во зависност од здравствениот статус и присуството на други пропратни болести.
  • Откажете се од пушење цигари, не конзумирајте алкохол и избегнувајте изложеност на токсични супстанци или хемикалии.
  • Регулирајте ја телесната тежина ( нормален БМИ од 18.5- 24.9)
  • Доколку имате пропратна здравствена состојба ( астма, дијабетес, епилепсија, проблеми со тироидната жлезда или друго), направете консултација со гинеколог, за како може да биде афектирана бременоста од болеста и обратно. Мулти- дисциплинарниот пристап е круцијален. Дискутирајте го најдобриот пристап за оптимизирање и адекватна контрола пред и понатаму во бременоста.
  • Водете грижа за оралното здравје. Направете преглед кај вашиот заболекар пред да забремените.

Улогата на партнерот во преконцепциската грижа

Преконцепциското здравје се однесува и на партнерот. Мажите може да го подобрат репродуктивнотот здравје со рестриктивен внес на алкохол и цигари, за кои е научно докажано дека директно ја афектираат спермата. Воведување на здрави навики, како исхрана, физичка активност и редуцирање на стрес.

Консултација со гинеколог

Преконцепциската грижа може да ги подобри шансите за забременување, а потоа да имате здрава бременост и да донесете на свет здраво новороденче. Најпрво гинекологот пристапува кон земање детални анамнестички податоци за вашето лично здравје, а потоа и детални податоци за фамилијарната анамеза, по однос на фамилијарни болести. Гинекологот зема исцрпни податоци по однос на репродуктиваната анамнеза, односно дали имало претходно бремености и како завршиле, а потоа пристапува кон детален гинеколошки преглед. Врз основа на сите анаместички и клинички параметри, понатаму се дава адекватен совет или доколку е потребно се пристапува кон третман.

Начелата на преконцепциско советување се :  здравствена едукација, здравствена промоција, односно промовирање на здрав животен стил, заштита од сексуално-преносливи инфекции, планирање на семејството и унапредување на правото на сексуално и репродуктивно здравје.

Преконцепциското советување е индивидуализирано, односно за секого е различно, во зависност од потребите и здравствената состојба кај секоја индивидуа.

Преконцепциското здравје значи превземање контрола и воведување на здрави навики, односо да се научиме да живееме здраво, да бидеме здрави и да се чувствуваме така. Преконцепциско здравје значи планирање на здрава иднина и превземање на правите чекори кон таа цел.

Контакт телефон +389 77 443 443

Е-маил адреса: [email protected]

реклама

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израелската полиција интервенираше со солзавец врз Палестинците кај џамијата Ал Акса

Следно

Бојан Илкоски: Концертот во Филхармонија каде требаше да настапам како солист е откажан од непознати причини и без образложение од страна на новото раководство на институцијата, односно в.д. директорот Даниел Лазаровски

Latest from Blog

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за министерот Тошковски

Со 7 гласа за и 63 против, Собранието не ја изгласа интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Претходно не беа изгласани ни интерпелациите на вицепремиерите Меџити и Стоиљковиќ.  Собранието,според деловникот за работа

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Собранието вечерва со седум гласа „за“, 63 „против“ и без ниту еден воздржан ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Селективното дејствување врз етничка основа за случувањата на 28

Не помина ни интерпелацијата за Тошковски

Вечерва во Собранието се гласаше за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Истата не е помина бидејќи 7 пратеници гласаа за, додека пак 63 гласаа против. ИЗВОР: ТВ 21

Гаши: Интерпелацијата на Даути не значи и нејзино разрешување, гласањето нема правно дејство

„Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни. Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки
Go toTop