Вархеји: Европската комисија ќе продолжи да го поддржува Западен Балкан во развојот на дигиталната инфраструктура

October 4, 2023
2 mins read

САРАЕВО (АА) – Земјите од Западен Балкан можат да сметаат на постојана поддршка од Европската комисија за унапредување на дигиталната транзиција на регионот, изјави денес Оливер Вархеји, европскиот комесар за проширување, кој преку видео се обрати на 6. Дигитален самит на Западен Балкан, најголемиот дигитален настан во регионот, што започна денес во Сараево, јавува Анадолу.

„Дигиталната транзиција е приоритет за Европската комисија во рамките на ЕУ и во нашите партнерски земји. Дигиталната агенда за Западен Балкан е навистина успешна соработка веќе со години. Успешно се започнати неколку инвестиции поддржани од ЕУ, како што е воспоставувањето паметни лаборатории во Албанија и иницијативата за дигитален автопат од 16,6 милиони евра со цел да се зголеми уделот на домаќинствата кои имаат пристап до ултрабрз интернет од 40 на 75 отсто“, рече Вархеји.

Додаде дека имплементацијата на режимот „роаминг како дома“ влијаела врз елиминирање на сите трошоци за роаминг во регионот.

„Како голем чекор понатаму, во декември минатата година 38 телекомуникациски оператори ја потпишаа Декларацијата за роаминг. Овие оператори се обврзаа да ги намалат трошоците за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан, а добрата вест е што првите намалувања на цените се воведени пред три дена и дека ние само што почнавме, бидејќи процесот продолжува со цел да се спуштат трошоците за роаминг на приближно исто ниво како домашните цени до 2027 година. Ова е извонредно достигнување што стана можно благодарение на вашиот силен ангажман и соработка“, порача Вархеји.

Тој потсети дека Европската комисија оваа година потпиша договори за придружување за програмата Дигитална Европа со Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Србија.

Компаниите, јавните администрации и другите подобни организации во тие соседни земји ќе можат да пристапат до повиците на програмата Дигитална Европа, чиј вкупен буџет за периодот 2021 – 2027 година изнесува 7,5 милијарди евра.

„Пристапот до оваа севкупна програма вредна 7,5 милијарди евра ќе им овозможи на претпријатијата, организациите и јавната администрација да го забрзаат економското закрепнување и да ја обликуваат дигиталната трансформација на своите општества и економии, особено малите и средните претпријатија, за да го поттикнат растот и вработувањето“, рече европскиот претставник.

„Новиот план за раст на Западен Балкан, што неодамна го најави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен“, рече Вархеји, „ќе даде сосема нови можности и ќе ја забрза интеграцијата на регионот во ЕУ.“

„На пример, Западен Балкан може да се придружи на нашиот единствен дигитален пазар во области како што се е-трговијата или кибербезбедноста. Ова ќе ја зајакне соработката меѓу ЕУ, нејзините држави членки и нашите партнерски држави, така што овој самит е одлична платформа за разговор за можностите што оваа иницијатива може да ги донесе на регионот. Ќе продолжиме да го поддржуваме регионот во развојот на дигиталната инфраструктура, безбедните услуги и обезбедувањето интероперабилност. Но, дигиталната транзиција може да успее само во кибер безбедна средина“, рече Вархеји и додаде дека Западен Балкан може да смета на постојана поддршка на Европската комисија за унапредување на дигиталната транзиција на регионот.

Министерството за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина е домаќин на дводневниот Шести дигитален самит на Западен Балкан, најголемиот дигитален настан во регионот.

Овој престижен настан собра високи претставници на владите и економиите од Западен Балкан, Европската комисија, креатори на деловни политики и водечки експерти од областа на информациско-комуникациските технологии, дигиталната интеграција и трансформацијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: После повеќе децении нов колекторски систем и канализација за Трпејца, ново училиште, катна гаража, и решавање на проблемот за вода за Охрид

Следно

Владимир Путин на 12 октомври во официјална посета на Киргистан

Latest from Blog

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,
Go toTop