Вардар и Црвена Звезда вечерва во Скопје играат хуманитарен меч, сите средства ќе бидат донирани за Кочани

April 16, 2025
1 min read

Точно еден месец од ужасната трагедија која ја потресе Македонија. И се уште нема зборови, се уште силна тишина, тага и болка, која денеска ќе биде поделена и меѓу двата пријателски клубови уште од поранешна Југославија, но во исто време и секогаш лути ривали, нашиот најтрофеен фудбалски клуб Вардар и поранешниот европски шампион Црвена Звезда.

Многу гости од соседна Србија заедно со, сигурно, повеќе од 25.000 љубители на фудбалот вечерва на арената „Тодор Проески“ од 20 часот, во спомен на сите жртви од трагедијата во Кочани, на хуманитарниот натпревар меѓу Вардар и Црвена Звезда кој треба да ги обедини сите спортски фанатици.

„Во вакви моменти се обединува секој пријател. А, Вардар и Црвена Звезда сигурно се големи фудбалски пријатели, пред се затоа што ги обединуваат голем број заеднички фудбалери од минатото. Меѓу сите нив секако и најголемото име на двата клуба – Дарко Панчев, за кого сум навистина горд, што токму од него потекна иницијативата за хуманитарен меч меѓу двата клуба, но и хуманитарна средба на репрезентациите на Македонија и Србија следниот месец“ – пишува пред натпреварот легендарниот српски спортски новинар Јован Јовановиќ, кој како најава за денешниот меч во Скопје потенцира дека ваквите натпревари меѓу најдобрите фудбалски клубови од регионот треба да бидат почести и во иднина.

А, Вардар и Црвена Звезда имаат зад себа огромна историја меѓусебни натпревари во поранешна СФРЈ. Но, по распадот на Југославија имаат само еден меѓусебен дуел и тоа на 5. ноември 1995 година во Скопје.

Тогаш во снежното Скопје славеше Вардар со 3-0, со головите на Горан Петрески, Митко Стојковски и Џевдет Шаиновски.

Тогаш на трибините имаше само 3.000 луѓе, а вечерва се очекуваат повеќе од 25.000 навивачи кои ќе го одбележат мечот во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани, и за помош на семејствата на настраданите.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работата и работните односи најчести области во кои се пријавува дискриминација, скоро 80 отсто од дискриминаторите се државни институции

Следно

Протести во Иран против нападите на Израел врз Појасот Газа

Latest from Blog

Николоски: Се поклонуваме пред хероите кои го дадоа животот за Македонија

Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила, во кој животите трагично ги загубија осум македонски бранители. По тој повод, делегација на Владата предводена од вицепремиерот и министер за транспорт

Божиновска за emagazin: Градиме модерен енергетски систем усогласен со европските стандарди

Во период кога енергетската безбедност, зелената транзиција и европските реформи се меѓу најважните државни приоритети, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведува интензивни законски и институционални промени. За досегашните резултати, но

Крај на сагата – Хари Кејн: Англичанецот им ја соопштил својата одлука на челниците на Баерн

Летниот преоден рок веќе ни донесе неколку познати трансфери, но се чини дека најдоброто допрва доаѓа. Со недели се шпекулираше за судбината на Хари Кејн, кој официјално влезе во последната година од

ГОЛЕМ ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ АТИКА – Пожарникари од три земји се борат со огнот, издадена евакуација

Голем пожар избувна утрово во областа Куварас, во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, поради што властите испратија порака за евакуација до жителите и лицата кои се наоѓаат во непосредна
Go toTop