Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во ракометното дерби

April 9, 2024
1 min read

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа Еурофарм Пелистер со 24-20 во големото македонско дерби кое се одигра вечерва во Скопје во рамки на 8 коло од плеј-оф фазата во Супер лигата.

Вардар беше во минимално, но константно водство речиси 40-ина минута во СЦ „Јане Сандански“ кога актуелниот шампион прв пат дојде во водство (18-17), а при резултат 20-19 битолскиот состав пропушти и неколку шанси да ја зголеми предноста.

Ракометарите на Вардар го искористи тоа и со серија од 5-0 дојдоа до важна победа со која ја пролонгираа разврската во битката за шампионската титула.

Еурофарм Пелистер останува лидер на табелата со 23 бодови, два повеќе од второпласираниот Вардар на шест кола до крајот на македонското првенство.

Јасухира со шест голови беше најефикасен во редовите на Вардар, а Томовски запиша 12 одбрани на голот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: Ќе има децентрализација во здравството

Следно

Хрватската старлета има нешто да ве праша: Дали ја видовте мојата нова тетоважа? Од местото на истата нема да ви биде добро, особено за тие со слабо срце (ФОТО)

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop