Вардар 1961 во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер

April 24, 2025
1 min read

Со гол во последната секунда ракометарите на Вардар 1961 триумфираа вечерва во Битола над Еурофарм Пелистер со 35-34 (17-16) во рамки на 5 коло во плејофот и го презедоа од актуелниот шампион водството на табелата во македонската Супер лига.

Во исклучително квалитетен и драматичен натпревар, Вардар 1961 водеше од самиот почеток, но до победата дојде дури во последната секунда, кога при резултат 34-34, прецизен беше Дмитро Горига.

Младен Крсманчиќ со 11 голови беше најефикасен во редовите на Вардар 1961, а по седум постигнаа Горига и Вуко Борозан.

Во редовите на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Дејан Манасков со десет голови.

Со вечерашниот триумф во големото макеоднско дерби, прв на гостувањето во Битола по пауза од три години, ракометарите на Вардар 1961 го презедоа првото место на табелата со 12 бодови, еден повеќе од Еурофарм Пелистер на пет кола до крајот на сезоната во која во последното коло двата претенденти за шампионската титула ќе играат на теренот на „црвено – црните“ во Скопје на 8 јуни.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Следно

Санкциониран возач кој со возило се движел по велосипедска патека во скопски Бутел

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop