ВАР технологијата останува во Премиер лигата

June 6, 2024
1 min read

Демократскиот чин во Премиер лигата за останување или укинување на ВАР технологијата заврши според очекувањата. Од 20 клубови во најдобрата лига на светот, 19 гласаа дека ВАР технологијата останува, а единствениот беше против Вулверхемптон.

-Како дел од фундаменталните дискусии на нашето годишно собрание, беше договорено дека „ПГМОЛ, Премиер лигата и клубовите имаат важна улога во подобрувањето на ВАР системот, неговата примена и угледот. Како дел од тековната работа за подобрување на ВАР, имаме и клучни области, соопштија од Премиер лигата.

Тие точки на подобрување се: одржување на висок праг за ВАР интервенција, намалување на доцнењето на играта, што ќе се случи со воведување полуавтоматски офсајд (САОТ), подобро информирање на навивачите за донесување одлука, објавување на судијата по промена на одлуката, спроведување на обука за ВАР, транспарентност и комуникација со ВАР, кампањи на навивачите и едукација за ВАР системот.

Полуавтоматската офсајд технологија ќе биде воведена наесен оваа година, не е јасно дали ќе ја има од првото коло во Премиер лигата или ќе се применува во текот на првиот дел од сезоната 2024/25.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мандатарот Мицкоски и лидерите на „Вреди“ вечерва ја потврдуваат Владата

Следно

Во Македонија не настапувала цели 25 години: Балканската ѕвезда Драгана Мирковиќ доаѓа во Македонија

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава
Go toTop