Вакцините никогаш не спречуваа трансмисија на вирусот

April 11, 2023
2 mins read

Кон крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, беше вообичаено за новинарите и интелектуалците да ги демонизираат и ругаат „невакцинираните“. Њујорк тајмс објавуваше статии како „Бесен сум на невакцинираните“, Лос Анџелес Тајмс извади колумна со наслов „Зезање со смрт на анти-ваксер од ковид можеби е морбидно, ама е НЕОПХОДНО“. „Невакцинираните се ризик за сите нас“ се појави во Блумберг, а Вашингтон пост објави „Макрон е во право: „Време е на анти-ваксерите да им го направиме животот пекол“.

Дон Лемон од Си-Ен-Ен коментираше дека луѓето што ги одбиваат вакцините се идиоти и викаше дека е време „да почнеме да ги срамиме“ или „да ги оставиме зад себе“. Извиканиот слободарски интелектуалец Ноам Чомски порача дека невакцинираните луѓе треба самите да се изолираат од општеството. Запрашан како би добивале храна, одговори: „Тоа е нивен проблем“.

И од другата страна на океанот беше исто: Дејли меил соопшти дека е време да се казнат 5 милиони Британци кои одбиваат да се вакцинираат, а популарниот Пирс Морган сугерираше тие да немаат пристап до јавното здравство.

На политичката сцена беше идентично: Џастин Трудо тресна дека „антиваксерите често се екстремисти кои се расисти и мразат жени“, Џо Бајден предупредуваше дека трпението му се тенчи, а Макрон рече дека милионите Французи кои се невакцинирани „не се граѓани.“

Низ Европа, САД, Канада и Австралија, невакцинираните беа отпуштани од работните места, исклучувани од високото образование, забранети во многу сектори на јавниот живот, им се негираа трансплантации на органи, страдаа дури и во случаи за старателство над деца. Во меѓувреме, случаите на ковид продолжија да се зголемуваат во високо вакцинирани земји, со пасоши за вакцини и други ограничувања.

Задолжителноста на вакцините се рационализираше преку верувањето дека колку е поголема стапката на вакцинација, толку помалку вирусот ќе се шири. Само нешто подоцна, на 10 октомври 2022 година, портпаролот на Фајзер му призна на Европскиот парламент дека вакцините никогаш и не биле тестирани за спречување на пренос.

Кога вакцините веќе беа дозволени, советникот во американската агенција за храна и лекови, д-р Патрик Мур, изјави: „Фајзер не претстави докази дека вакцината има какво било влијание врз преносот на вирусот, што е основна основа за имунитетот на стадото“.

Долго пред тоа се тврдеше спротивното. Директорката на Центарот за заразни болести Рошел Валенски тврдеше дека вакцинираните луѓе „не го носат вирусот“, а Фаучи дека вакцинираните се „ќорсокак“ за вирусот. На тој начин, без соодветни докази, се тераа кампањи да се вакцинираме, не само за да се заштитиме себе туку и да ги заштитиме другите и да спасиме животи.

За оние што минаа без проблеми со вакцините, ова можеби не е голема работа. Но, кажете му го тоа на некој млад и здрав спортист кој се вакцинирал за да ги заштити постарите членови на фамилијата, а потоа развил миокардитис. 

Наместо да дозволат дебата, политичките и бирократските функционери спроведоа кампања на масовна цензура и принуда.

Во меѓувреме, се насобраа студии кои покажуваат дека некогаш цензурираните забелешки на оние кои се колебаа околу вакцините биле оправдани.  На пример за присуството на мРНК во мајчиното млеко, на пример за оправданоста да се вакцинираат деца кои прележале ковид, на пример за зголемениот број на миокардитис и инфаркти….

По којзнае кој пат, „медицинскиот консензус“ се покажа како неточен. Во 19 век, лекарите верувале дека е безбедно да се раѓаат бебиња без миење раце, што резултирало со смрт на безброј жени од пуерперална треска. Во 20 век, задолжителната стерилизација на лицата со посебни потреби се сметаше за легитимна и етичка медицинска пракса, а во 1949 година, изумителот на лоботомијата ја доби Нобеловата награда за медицина. Од поново време, научниците неодамна открија дека целата основа за над еднодецениските истражувања за Алцхајмеровата болест била измама.

Отпосле, лесно е да се правдаат грешките со идејата дека науката тогаш така викала и после се променила. Нормално е дека науката се менува и баш затоа фразата „науката е јасна“ е политички а не научен термин и секој треба да може јавно да го доведува во прашање научниот консензус во секое време.

„Изговорите дека сите тие мерки и цензури тогаш беа неопходни а повеќе не се бидејќи „фактите се сменија“ или „науката се промени“ се гола лага. Фактите не се сменија. Тие беа само забранети“, пишува Алекс Гутентаг во Таблет.

********************

Види и:

Тие што хејтаа „анти-ваксери“, сега бараат амнестија

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“ денеска во МАНУ

Следно

Ердоган: Продолжуваме со инвестициите, производството и извозот

Latest from Blog

Дневен хороскоп: Близнаците да не ја трошат енергијата, Лавот да внимава на потребите на партнерот

Овен Почетокот на работната недела ве наполнува со моќна креативна енергија. Понеделник ве поттикнува да ја претворите инспирацијата во конкретни чекори, но бидете внимателни со импулсивните одлуки. Космосот фаворизира проекти кои бараат

Костовски: Продолжуваме со силна динамика, нова детска градинка во Бутел 2

Градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2. Градежните активности напредуваат со одлична динамика. Стариот објект кој беше изграден во далечната 1964 години

Костовски: Ветувањата стануваат реалност – Бутел 2 добива нов лик со изградбата на модерна детска градинка

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој на 19 октомври го освои вториот мандат како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од сите жители на општината без разлика на нивната етничка припадност, соопшти

Се враќа шармот на старо Скопје: започнува обнова на познатите хотели

Скопје наскоро ќе го врати дел од својот стар градски шарм. По најавената реконструкција на легендарниот хотел „Бристол“, компанијата „Македонијатурист“ планира целосна обнова и на уште три познати објекти – хотелите „Турист“,

Фото: Пејачка го заборавила брусхалтерот

 Тејана Тејлор неодамна присуствуваше на престижниот настан „Time100 Next“ во Њујорк, каде што ги шокираше сите присутни со голо издание. За оваа пригода, пејачката и глумица одлучила да облече исклучително провокативна и
Go toTop