„Вагнер“ тврди дека ја презел контролата врз Ростов и дека ќе тргне кон Москва

June 24, 2023
1 min read

МОСКВА / КИЕВ (АА) – Паравоената група „Вагнер“ ја презеде контролата врз штабот на јужниот руски воен округ во Ростов на Дон, соопшти челникот на групата, Евгениј Пригожин, пренесува Анадолу.

„Пристигнавме овде, сакаме да ги примиме началникот на Генералштабот и (рускиот министер за одбрана Сергеј) Шојгу“, рече Пригожин во видео објавено на канал на Телеграм близок на групата „Вагнер“.

„Ако не дојдат, ние ќе бидеме тука, ќе го блокираме градот Ростов и ќе се упатиме кон Москва“, додаде тој.

Тврдејќи дека началникот на Генералштабот избегал од штабот, Пригожин рече дека сѐ е под контрола и дека штабот функционира.

Во видеото, борците на „Вагнер“ поставуваат тешко вооружување на вратите и прозорците на зградата. Се гледа дека се поставуваат за да ги контролираат критичните точки на улиците на Ростов на Дон.

Василиј Голубев, гувернер на Ростовската Област, рече дека одлучиле да ги откажат сите јавни настани планирани за викендот во регионот.

Голубев, исто така, рече дека се воведени привремени сообраќајни ограничувања на маршрутата од Ростов до Таганрог и на север.

Пригожин рано утрово изјави дека неговите сили од Украина преминале во рускиот град Ростов.

Тензиите меѓу Кремљ и „Вагнер“ ескалираа откако Пригожин ги обвини руските сили дека ги напаѓаат неговите борци.

Руското Министерство за одбрана доцна синоќа ги негираше тие тврдења.

Пригожин последните месеци континуирано ги обвинуваше руското Министерство за одбрана и министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека не испорачувале доволно оружје за паравоената група.

– Во руски ракетен напад во Киев загинаа две лица, 11 се повредени –

Синоќа руските сили извршија ракетен напад врз украинскиот главен град Киев, во кој загинаа двајца, а повредени се 11 лица.

„Над 20 проектили беа детектирани во воздушниот простор околу Киев и тие беа уништени од нашата противвоздушна одбрана“, изјави на социјалните мрежи Сергиј Попко, шеф на Градската воена управа на Киев.

Тој истакна дека ракетата погодила зграда од 24 ката во областа Соломјанка.

Додаде дека Сергиј Лисак, гувернер на Регионалната воено-граѓанска управа на Днепропетровск, известил дека во нападот биле повредени осум лица, меѓу кои две деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови парламентарни избори утре во Грција

Следно

УЕФА ја исфрли Осасуна од Европа поради местење натпревари

Latest from Blog

Европа формираше Меѓународна комисија за надомест на штетата на Украина

Европа ја основа Меѓународната комисија за репарации за Украина, потег што има за цел да обезбеди Киев да добие компензација за стотиците милијарди долари штети предизвикани од руските напади и можните воени

Европа формираше Меѓународна комисија за надомест на штетата на Украина

Европа ја основа Меѓународната комисија за репарации за Украина, потег што има за цел да обезбеди Киев да добие компензација за стотиците милијарди долари штети предизвикани од руските напади и можните воени

Европа формираше Меѓународна комисија за надомест на штетата на Украина

Европа ја основа Меѓународната комисија за репарации за Украина, потег што има за цел да обезбеди Киев да добие компензација за стотиците милијарди долари штети предизвикани од руските напади и можните воени

Божиновска во Прага: Македонскиот електроенергетски систем чекор поблиску до европските стандарди

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна посета на чешкиот оператор на преносниот систем ČEPS, a.s., во Прага, во рамки на интензивната агенда за унапредување на
Go toTop