,,Уживање“ – Изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева

November 1, 2024
1 min read

Опсервацијата на ликовните дела во актуелната изложба „Уживање“ на двете млади, академски ликовни авторки, Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева, е предизвик за нотирање на нови енергии и продукции во ликовната сфера, но и задача за барање на онаа допирна точка, оној заеднички именител кој ги поврзува како творци, а ги издвојува како индивидуи.

Во овој колаборативен проект, Ампева и Патлиџанковска преку своите дела се обидуваат да ја пренесат „магијата“, убавината на творечкиот занес во процесот на создавањето на едно дело, високото чувство на задоволство при проекцијата на мислата и материјализацијата на сликарската идеја на сликарското платно.  Изложбата содржи дела работени во текот на 2024 година, големи формати, кои во ликовниот израз припаѓаат на реалистичката или фигуративната ликовна сфера, со примеси на одредена симболичност и асоцијативност.

Изложбата ќе биде отворена на 4 и ќе трае до 14 ноември во галеријата на МКЦ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во последните две години 137 пријави за измама со брзи кредити

Следно

Едно лице загина во тешка сообраќајка во Битола

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со
Go toTop